Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Панел дискусија за регионалното справување со отпадот се одржа во Виница

автор: Т. Ајтовски
11 јули, 2025 15:47
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Панел дискусија за регионалното справување со отпадот се одржа во Виница

Третата панел дискусија во рамки на проектот „Граѓаните и медиумите го ‘озеленуваат’ Поглавјето 27“ се одржа денеска во Виница. Се разговараше за регионалното справување со цврстиот отпад и предизвиците со кои се соочуваат и граѓаните и институциите на овој план.

Организатор на настанот беше граѓанското здружение „Медиа плус“ од Штип во соработка со радиото Канал 77 и Медиа4ЕУ, а присуствуваа претставници од невладиниот сектор, како и од комуналните претпријатија и од општините Виница, Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци.

-Идејата е да ги чуеме пред сѐ граѓаните, колку тие се запознаени се Поглавјето 27, кои се обврските на општините во делот на регионалната депонија којашто треба да се отвори во Светиниколско, колку се подготвени општините за истата депонија, до каде е постапката со претоварните станици и како се справуваат. Можевме да заклучиме дека не постои некоја голема координација, има недостиг од кадар во помалите општини, постои недостаток и во делот на контејнери, возила и сето она што е потребно за да се справуваат со отпадот. Можеме да кажеме дека е ниска и свеста кај граѓаните за селектирање на отпадот, бидејќи максимум 60% од отпадот треба да завршува на депониите. Очигледно е дека мора да продолжиме да работиме и да побараме како граѓански сектор институциите да бидат потранспарентни и поефикасни, затоа што справувањето со отпадот не е само поглавје за кое преговараме, туку тоа е основна потреба на граѓанинот и од тоа зависи квалитетот на неговиот живот и здравјето на неговото семејство, истакна Зоран Биковски, координатор на панел дискусијата.

Од средбата ќе бидат подготвени заклучоци што ќе им бидат доставени на носителите на одлуките за да има поефикасни институции и потранспарентно работење.

Поглавјето 27 е дел од преговарачката рамка за пристапување на Македонија кон ЕУ, а содржи преку 200 правни акти кои опфаќаат хоризонтална легислатива, квалитет на водата и воздухот, управување со отпадот, заштитата на природата, контрола на индустриското загадување и управувањето со ризик, хемикалии и генетски модифицирани организми (ГМО), бучава и шумарство.

Проектот „Граѓаните и медиумите го ‘озеленуваат‘ Поглавјето 27″ е финансиран од ЕУ, спроведуван од „Евротинк“ во партнерство со Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА и Балканскиот институт за регионална соработка – БИРЦ.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: граѓански активизамекологијаеу

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Жителите на Блатец бараат итно раскинување на концесијата за мини хидроцентралата „Блатешница“: „Реката е живот, а не бизнис“
Регион

Жителите на Блатец бараат итно раскинување на концесијата за мини хидроцентралата „Блатешница“: „Реката е живот, а не бизнис“

автор: Т. Ајтовски
8 март, 2026 09:42
0

Месната заедница Блатец упати официјално барање до Владата, како и до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и до Министерството за животна средина и просторно планирање за...

прочитај повеќе
Изложба „Спомени на едно време“ во Виница – предмети стари и над 150 години сведочат за традицијата
Култура

Изложба „Спомени на едно време“ во Виница – предмети стари и над 150 години сведочат за традицијата

автор: Т. Ајтовски
6 март, 2026 19:05
0

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во Виница беше отворена уникатната изложба на стари предмети насловена „Спомени на едно време“. Настанот, кој привлече голем интерес...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 13, 2026 - пет
Кочани, MK
14°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, SE
41%
761.31 mmHg
fri03/13 sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17
одвоени облаци
14/9°C
одвоени облаци
14/3°C
облаци
14/6°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
12/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?