Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Пет проекти од инфраструктурата предложија жителите на општина Чешиново-Облешево за грант од 40 илјади долари од швајцарската влада

автор: Т. Ајтовски
27 јануари, 2025 14:42
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Пет проекти од инфраструктурата предложија жителите на општина Чешиново-Облешево за грант од 40 илјади долари од швајцарската влада

Во текот на февруари жителите на општина Чешиново-Облешево ќе треба да определат кој проблем во нивните населени места им е приоритетен за решавање до крајот на оваа година.

Денеска граѓаните ја имаа третата сесија од програмата Форум во заедницата, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, на која беа претставени пет предлог-проекти од областа на инфраструктурата.

За реализација на одбраниот предлог, за кој ќе се гласа на следната форумска сесија во февруари, Локалната самоуправа ќе добие 40 илјади долари како грант од Швајцарската агенција за развој и соработка, а предвидено е и кофинансирање од општинскиот буџет.

-Првиот предлог-проект е изградба на автобуски постојки, вториот е изградба на простор за детско игралиште во градинката „Ѕвездички“ – Чешиново, третиот предлог-проектие реконструкција на патниот правец Облешево-Спанчево со уредување банкини, четвртиот е изградба на детски паркови, набавка и поставување содржини во парковите во Облешево и Теранци и последниот, петтиот проект е изградба на нова бушотина за вода кај повеќенаменското игралиште во село Облешево. Ќе се одлучува на следната форумска сесија, а последниот рок е 15 февруари до кога треба да бидат завршени сите форумски сесии. Граѓаните очекуваат овие средства кои што се од Швајцарската амбасада, од околу 40 илјади американски долари, заедно со 20 отсто учество од Општината да бидат соодветно потрошени. По одлучувањето за избраниот проект ќе се пристапи кон распишување на тендерски постапки за реализација и се очекува некаде пред почетокот на локалните избори да биде завршен, истакна Јорданчо Костадинов, комодератор на форумските сесии во Чешиново-Облешево.

Градоначачникот Далибор Ангелов нагласи дека сите пет проекти се важни, но треба да се внимава при изборот затоа што Општината е во лоша финансиска ситуација за да може целосно да го кофинансира избраниот проект.

-Треба да бидеме практични во тој дел и да знаеме дека проектната документација ќе треба да ја изготви самата Општина, со тоа што ќе треба да се направи измена во планот за 2025 година. Со оглед на финансиската ситуација, знаете дека сѐ уште работиме со блокирана сметка и средствата многу домаќински ги користиме, затоа внимавајте околу тој момент, за да не се соочиме, односно да се доведеме во ситуација да не можеме да ги искористиме и тие 40 илјади долари што ни стојат на располагање, истакна градоначалникот Ангелов.

Проектот „Зајакнување на општинските совети“ е со цел да се зголеми транспарентноста и отчетноста на локалната власт преку поддржување на општинските совети при вршење на нивната функција, особено во надгледувањето на локалниот буџет. Општините треба да имаат поголема отвореност и инклузивност, за да се зголеми јавната доверба во локалните институции.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани
Кочани

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 16:27
0

Традицијата на планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова форма со официјалната промоција на Извидничкиот одред - „Никола Карев“. Иако одредот функционира...

прочитај повеќе
Прекината наставата во првата смена во училиштата во Кочани поради лажна дојава за поставена бомба
Кочани

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 11:38
0

Утрово во основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани била примена дојава за поставена експлозивна направа, што предизвикало вознемиреност и итна евакуација на дел од учениците....

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 10, 2026 - вто
Кочани, MK
6°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, E
67%
771.07 mmHg
wed03/11 thu03/12 fri03/13 sat03/14 sun03/15
неколку облаци
14/4°C
чисто небо
16/7°C
облаци
15/8°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?