Почитувани, во врска со вашата статија “Во Кочани се уште нема…” објавена на ФБ страницата “Канал 8 ИПТВ” ви го доставувам моето видување на вашите идеи и предлози.
Како човек и како претставник на граѓаните, ваквата трагедија ја доживувам длабоко емоционално, сум и останувам во комуникација со засегнатите страни и работам на конкретни чекори за да спречиме вакви трагедии во иднина.
Сметам дека ова не е време за политички препукувања, туку за солидарност и конкретни решенија. Важно ми е вистински да помогнеме, а не да се занимаваме со сензации.
Комеморацијата се организира како чин на оддавање почит на загинатите и се одржува во различни периоди, зависно од околностите и традицијата. Како избран преставник секогаш сум се водел и ќе се водам од начелото на почитување на традицијата.
Според православната традиција комеморацијата како чин, следува по 40 дена (четириесетница) и преставува важен верски момент
Често семејствата и заедницата организираат помен, а да може и треба да има и јавна комеморација. Комеморацијата зависи од желбите на семејствата, локалните обичаи и институционалните одлуки.
Кога станува збор за донации, како пратеник донирав во момент кога беше објавена донаторската сметка на Црвениот крст и се согласувам дека треба сите да донираат согласно можностите. Ве известувам дека вечер ќе бидам дел од телетон хуманитарна ТВ програма на Канал 5 за донирање на средства за нашите настрадани сограѓани, следете и донирајте.
Дополнително ве известувам дека пред давање идеи за “изградба на алеи” и слични објеки, сметам дека приоритет треба да биде успешното заздравување на повредените, унапредување на здравството во Кочани и во Македонија, соодветни законски измени за зголемена одговорност како и грижата за младите.
Не само организирањето на комеморација и донирање туку и за самото нивно споменување, важно е биде со почит и достоинство.Денес не сме само политичари, новинари или граѓани – денес сме луѓе што треба да покажат човечност
Со почит,
Миле Лефков
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.