16 членови на Доброволното противпожарно друштво – Кочани станааа дел од Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено што работи во состав на Дирекцијата за заштита и спасување.
Покрај човечките капацитети, на услуга на Дирекцијата ќе бидат ставени шесте возила со кои располага ДПД – Кочани.

-Ова е уште една потврда за нашата досегашна работа и заложба кој беше препознаена од надлежните и ни беше укажана доверба со овој чин на потпишување на договор. Тоа претставува уште еден поттик да продолжиме да чекориме кон дополнителен развој и напредок, со желба и стремеж капацитетите, како човечки, така и материјално технички да се зголемат, истакнуваат до ДПД – Кочани.
Признанието што е добиено со вклучувањето на волонтерите во ТБО е потврда за досегашната нивна напорна работа, а се најавуваат и новости што наскоро ќе бидат споделени со јавноста.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






