Утрово во основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани била примена дојава за поставена експлозивна направа, што предизвикало вознемиреност и итна евакуација на дел од учениците.
Според информациите од училиштето, веднаш по добивањето на заканата, учениците од предметна настава биле евакуирани од објектот. На терен веднаш излегле соодветни служби од Министерството за внатрешни работи, кои извршиле детален преглед на просториите.
По извршените проверки, од МВР било констатирано дека дојавата е лажна. Од училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во официјалното соопштение нагласуваат дека не постои никаква опасност за безбедноста на учениците и вработените во објектот.
По завршувањето на полициските проверки, наставата продолжува непречено, согласно веќе воспоставената динамика за работа.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






