Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

По повод 11 Октомври – Денот на македонското востание кандидатите за градоначалник на Кочани положија свежо цвеќе на спомен обележјата

автор: Т. Ајтовски
11 октомври, 2025 10:34
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
По повод 11 Октомври – Денот на македонското востание кандидатите за градоначалник на Кочани положија свежо цвеќе на спомен обележјата

Во рамки на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на македонското востание, дел од кандидатите за градоначалник на Општина Кочани, членови на кандидатските листи за советници, како и претставници од Здружението на борците од народноослободителната и антифашистичка војна и Здружението „Јосип Броз Тито“ положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на спомен бистите на првоборците Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.

На скромното одбележување на празникот присуствуваа и актуелниот в.д. градоначалник и членови на Советот на Општината, кои и за претстојните локални избори се кандидати за истите функции.

По оддавањето почит кон борците кои го дале својот живот во борбата за слобода, кандидатите за градоналачалник Игор Христов и Владко Грозданов им го честитаа празникот на сите граѓани.

-Горд сум човек којшто потекнува од семејство чиишто предци биле револуционери и партизани. Слободата денеска во овој брановит свет претставува мислена именка каде што особено во местата каде што има жаришта на војни. Ние, граѓаните на Кочани и на Македонија го имаме тој благодет благодарение на жртвите од Втората светска војна да ја уживаме слободата којашто денеска царува во Република Македонија, а за којашто треба да се грижиме и понатаму во континуитет да егзистира. На денешниот ден недостасуваат младите коишто се вклучени во нашата програма, недостасува еднодневна екскурзија на најмалите на Споменикот на слободата, недостасуваат симболите на Република Македонија, како што е државното знаме и знамето на Општина Кочани. Денеска недостасува држењето на историски час, културно уметничките друштва денеска не се претставија, ова беше шанса да ги видиме нашите спортски таленти, па макар и преку ревијален натпревар, да ја слушнеме македонската борбена песна којашто одамна не се слуша. Во нашата програма имаме планирано вклучување на младите на голема врата преку промена на овој концепт на сувопарно положување цвеќе. Доколку граѓаните на Општина Кочани ја увидат нашата енергија, нашата креативност, нашата способност сето тоа да го промениме, ги повикуваме на 19 октомври масовно да излезат и да го заокружат бројот пет за градоначалник на Општина Кочани и бројот пет за листата за советници предводени од коалицијата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Сакам да го честитам празникот на сите граѓани на Република Македонија, да живее 11 Октомври, да живее Македонија и борбата за слобода и понатаму да царува во Република Македонија, истакна кандидатот за градоначалник Игор Христов.

-Денес го одбележуваме 11 Октомври  – Денот на народното востание. Со гордост и чест се присетуваме на нашите храбри борци кои достоинствено го дадоа својот живот за нашата држава, но и секако ја преземаме одговорноста за иднината. Слава им, нека ни е честит Денот на народното востание, да живее Република Македонија, рече кандидатот за градоначалник Владко Грозданов.

Членовите на Здружението на борците, честитајќи го празникот во писменото обраќање нагласуваат дека македонскиот народ ја завршил Втората светска војна со околу 25.000 загинати борци и жртви на фашистичкиот терор, а 11 Октомври е ден од македонската историја, како симбол на македонската борба за слобода. Затоа наша должност останува да го чуваме она за што тие го дале својот живот, да се потсетуваме и да им оддаваме почит и на околу 100 борци од Кочани и Кочанско кои ги положија своите животи на олтарот на слободата.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: 11 октомврикочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
17°C
облаци
облаци
1 m/s, ESE
57%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?