Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Споменикот на слободата си го врати сјајот, ќе умееме ли да го чуваме?

автор: Т. Ајтовски
17 декември, 2024
во Кочани
време на читање: 6 мин.
A A
Споменикот на слободата си го врати сјајот, ќе умееме ли да го чуваме?

По интензивната едногодишна активност за реконструкција и конзерваторски работи, Споменикот на слободата во Кочани го врати изгледот што го имаше во почетокот и средината на осумдесетите години од минатиот век, кога беше изграден.

Со своите мозаични фризови на површина од над 300 квадратни метри се вбројува меѓу најголемите такви објекти на балканските простори, а со универзалните уметнички пораки на авторот Глигор Чемерски и со архитектонското решение на Радован Раѓеновиќ, уште на почетокот беше оценет како врвно уметничко дело кое со својата нематеријална вредност заслужува пошироко внимание. За жал, во изминатите децении Споменикот, и како објект, и како уметничка инсталација, незаслужено беше оспоруван, нагрдуван, запуштен, оштетуван и заборавен. И поради вообичаената македонска немарност, а во еден период можеби и намерно.

Сепак, поддршката што ја обезбеди Амбасадата на САД, која преку амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство издвои околу 250 илјади американски долари, придонесе да се спречи пропаѓањето на еден од најзначајните монументи во источниот регион.

Во приказната за реконструкцијата и конзервирањето повторно беше вплетена роднокрајна нишка, преку ангажманот на уметникот Владимир Симеонов, кој потекнува од Кочани и со Споменикот има директна поврзаност.

-Голем беше предизвикот, уште повеќе затоа што јас и авторот, сега за жал починат, бевме долгогодишни пријатели, соработници, другари, ми беше и ментор и професор, итн. Значи, учествував во 2004, точно на фризот што е позади нас, на реконструкција, на обнова, ја знам технологијата, начинот на работа, на изработка, и ете после толку време, за жал, дојде ситуација кога требаше да се обнови. За среќа, се обнови, се заврши, се направија радикални технолошки процеси, му се врати животот. Зборувам дали за мозаичните фризови, односно на целиот објект, кој се среди со конзервација на архитектурата и партерното уредување. Беа многу од камчињата оштетени, одново се вратени, цели делови од мозаикот каде што беа отпаднати, се реконструираа според документацијата што се чува во архивите на атељето на Глигор Чемерски, вели Симеонов.

Во текот на реконструкцијата и конзервацијата се работеше на заштита на мозаичните фризови со нови малтери од ист вид што биле користени порано, со хидроизолациски премази, така што направено е заштитување за наредните најмалку 20-30 години.

-Му вративме кондиција, живот на Споменикот, на мозаикот, а понатаму останува на Општината и на самата свест на граѓаните да го чуваат, да внимаваат на него, затоа што морам да признаам дека 80% од оштетувањата беа придонесени од вандализми. Тоа значи намерни оштетувања, пишувања, шприцање графити итн. За среќа, делови од специфичниот материјал, односно обоените камчиња, стаклата, ги најдовме во изворната, оригинална форма, со истите димензии, истите нијанси беа набавени. Тоа беше сериозен процес, а повеќето од нив веќе се ставени, аплицирани на мозаикот, заменети се старите и оштетени. Глигор Чемерски додека го работел мозаикот инсистирал да биде тоа камен, мермер, гранит, песочник, травертин од околината на Кочани, од Кочанско, за да биде поавтентично. Сето тоа беше средено, набавено. Нашата екипа, со моите двајца ветерани, со едно фантастично момче, заедно со фамилијата на Чемерски, коишто беа учесници во проектот, успеавме да дадеме максимум од нас, му го вративме животот, светлината, убавината на мозаикот. Се надевам дека понатаму ќе продолжат да го чуваат, додаде Симеонов.

Според Симеонов, големиот монумент на Лукобија посветен на слободата, освен во локални, заслужува внимание и во пошироки рамки.

-Ова е еден заспан џин на македонската култура и уметност, а некако неправедно е подзаборавен. Се наоѓа малце настрана од метрополата, меѓутоа ова е тоа што во Атина го има – споменикот Акропол, ова е Акропол за Кочани. Феноменално уметничко дело со неверојатни уметнички вредности, со самиот ракопис на Чемерски и монументалноста на објектот, заедно со неговата функција да биде еден вид театар. Ова е храм без купола, значи сино небо, така Стеван Станиќ има пишувано во еден од текстовите. За мене како родољубец, како стар кочанчанец, целата моја фамилија живее овде, плус ме врзува комуникацијата и дружбата со Чемерски, да не биде клише муабетот, фантастично е чувството кога ќе дојдам овде и кога ќе го посетам мозаикот, заедно со целиот пејзаж, прекрасната убавина. Едноставно, Дедо Боже, небото ни дале сѐ овде од убавина и сега наше е само да ја чуваме или во најмала рака барем да не пробуваме да ја оштетуваме, заклучува Сименов.

Споменикот на слободата во периодот на изградба – 1980 година

По завршувањето на реконструкцијата и конзерваторските работи, а за да биде Споменикот во комплетно, односно оригинално издание, неопходно е да се вратат двете бронзени плочи во форма на полетани птици, што се наоѓаа на влезните столбови – „Столбот на страдањето“ и „Столбот на отпорот“, а на чии крилја беа испишани имињата на првоборците од Кочани и Кочанско кои го дале својот живот во борбата за слобода.

Исто така, старите фотографии од годините по изградбата потврдуваат дека на надворешната страна од двата странични ѕида, со тенки бронзени ленти беа испишани мисли од Гоце Делчев и Јосип Броз Тито, посветени на слободата.

„Слободата ни треба нам. Така како што ја владееме ноќта, треба да го владееме и денот. И тоа ќе го постигнеме или ќе изумреме“ – Гоце

„Ниеден човек не може да биде голем самиот за себе. Не верувам во надлуѓе, туку верувам во човекот кој знае да ги збере луѓето и да направи тие, заедно со него, да ги следат интересите на народот“ – Тито

Обврска на локалните институции, но и на сите граѓани е Споменикот да се одржува и чува. Неопходно е конечно да се реализираат и културно-уметничките, просторните, хортикултурните и другите содржини што беа ветувани во изминатите години, за да не остане заборавен и повторно препуштен на забот на времето.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“
Кочани

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“

автор: Т. Ајтовски
24 мај, 2025
0

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за...

прочитај повеќе
24-годишник од Кочани заработи притвор за убиство во обид
Кочани

Семејствата на жртвите во клубот „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

автор: Администратор
24 мај, 2025
0

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 25, 2025 - нед
Кочани, MK
12°C
облачно
облачно
1 m/s, WSW
92%
759.06 mmHg
sun05/25 mon05/26 tue05/27 wed05/28 thu05/29
слаб дожд
13/7°C
слаб дожд
18/8°C
облачно
20/12°C
неколку облаци
21/11°C
облачно
21/12°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?