Стручниот штаб на ГФК „Осогово“ денеска ги претстави новите засилувања за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига.
Нови играчи во екипата се Грегори Давков, кој доаѓа од „Брегалница“ – Штип, Дамјан Стојковски од „Вардар“ – Неготино, Владимир Жоглев од ФК „Скопје“ и Давид и Кристијан Ристовски кои доаѓаат од тимот на „Слога“ од Виница.
Во присуство на новиот претседател на клубот, Ненад Ефтимов и спортскиот директор Љупчо Симоски беа претставени новите играчи со кои „Осогово“ ќе се обиде да ја избегне позицијата во која моментално се наоѓа и да обезбеди опстанок и оваа сезона.

Од кочанскиот второлигаш изразуваат надеж дека сите заедно сплотени, како навивачите, така и локалните фирми заеднички ќе придонесат „Осогово“ повторно да радува со добри игри и победи што ќе донесат и опстанок.
На 11 јануари новиот шеф на Стручниот штаб, Крсте Крстев ги почна подготовките за новата полусезона и веќе се работи според програмата и покрај тешките временски услови.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.