Карате клубот „Кочани“ освои сребрен и бронзен медал на меѓународниот карате турнир „Куп на шампиони 2026“ што се одржа во Подгорица, Црна Гора.
На овој престижен спортски собир нашиот клуб учествуваше со пет каратисти, при што со сребрен медал и второ место се закити Алексеј Ристов во категоријата У10 до 35 килограми.
Бронзен медал и трето место освои Томислав Ристов во категоријата јуниори до 55 килограми. За жал, Алексеј Ристов се здоби со повреда за време на борбите што го спречи да се натпреварува во следната категорија, каде што исто така се очекуваше добар пласман.
Настапот во Подгорица претставуваше и значајна проверка за Наталија Карова пред претстојното Светско првенство, како и пред Балканското првенство кое следува во наредниот период.
Иако на останатите натпреварувачи им недостигаше малку спортска среќа за искачување на пиедесталот, од клубот изразија задоволство од прикажаните борби и најавија продолжување на подготовките за следните настапи на меѓународната сцена.
Дополнително, беше упатена благодарност до Дејан Ристески и Карате клубот „Кизаме“ за заедничкото патување, дружењето и извонредното искуство од ова натпреварување.
©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






