Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Државата ќе откупи 2.400 тони оризова арпа за пополнување на стоковите резерви

автор: Т. Ајтовски
9 април, 2025 09:31
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Државата ќе откупи 2.400 тони оризова арпа за пополнување на стоковите резерви

Министерството за финансии обезбедило 100 милиони денари со кои ќе се откупат 2.400 тони оризова арпа, односно 1.300 тони бел ориз за потребите на државните стокови резерви.

На вчерашната 43. седница во Собранието во редовна постапка е усвоена Програмата за дополнување на среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви, што претходно ја предложило Министерството.

Количините што ќе бидат откупени за оваа намена се нешто помали во однос на најавуваните 3.000 тони арпа. Според пресметките, со откупените количини бел ориз за стоковите резерви ќе се обезбедат потребите за двомесечна потрошувачка од овој прехранбен производ во државата.

Откупот на оризовата арпа во кочанскиот регион е сериозно отежнат, односно е во застој поради проблемите со пласман на пазарите во соседните земји, кои обезбедиле бел ориз по пониски цени од други држави. Според проценките, сѐ уште неоткупени се околу 10 илјади тони арпа од минатогодишната реколта. Откупно-преработувачките претпријатија се пожалија дека и оние количини што веќе ги откупиле не ги преработуваат и им стојат на залиха.

Претходно од Владата истакнаа дека оризот како култура, која е од исклучително значење за населението во земјата и погодна за чување како стоковни резерви, е опфатен со последните измени и дополнувања на Законот за стоковните резерви.

Стоковните резерви се формираат од производи кои се од исклучително значење за животот на населението и се користат во случај на воена состојба, вонредна состојба, елементарни непогоди, еколошки катастрофи, како и при поголемо нарушување на пазарот.

Покрај оризот, за потребите на стоковите резерви се откупуваат и пченица, пченка, јачмен, прехранбена сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати, лекови и медицински средства.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Општина Кочани ќе го награди најуспешниот оризопроизводител во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“
Кочани

Општина Кочани објави оглас за избор на најуспешен оризопроизводител – наградата изнесува 60.000 денари

автор: Т. Ајтовски
15 септември, 2026 12:28
0

Во рамките на одржувањето на традиционалната културна манифестација „Денови на кочанскиот ориз 2026“, Организацискиот одбор при Општина Кочани го објави јавниот оглас за избор на најуспешен оризопроизводител во...

прочитај повеќе
„Нашите деца немаат рок, правдата не смее да истече“ – реакција на семејствата на починатите во „Пулс“ до правосудните институции
Кочани

„Нашите деца немаат рок, правдата не смее да истече“ – реакција на семејствата на починатите во „Пулс“ до правосудните институции

автор: Т. Ајтовски
11 септември, 2026 09:52
0

Здружението „16 март 2025 Кочани“ и семејствата на починатите во трагедијата во „Пулс“ упатија јавна реакција во која ја искажуваат својата загриженост од можноста бавноста на правосудните процедури...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 16, 2026 - сре
Кочани, MK
15°C
неколку облаци
неколку облаци
0 m/s, NE
73%
764.32 mmHg
wed09/16 thu09/17 fri09/18 sat09/19 sun09/20
неколку облаци
22/16°C
чисто небо
24/14°C
чисто небо
25/16°C
облаци
26/16°C
чисто небо
25/16°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?