Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Коцев: Во наредниот мандат во општина Зрновци ќе реализираме проекти од патната инфраструктура, урбанизмот, водоснабдувањето, стопанството, туризмот, спортот и други дејности

автор: Т. Ајтовски
2 октомври, 2025
во Политика, Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Коцев: Во наредниот мандат во општина Зрновци ќе реализираме проекти од патната инфраструктура, урбанизмот, водоснабдувањето, стопанството, туризмот, спортот и други дејности

Голем број проекти од различни области ќе бидат реализирани во населените места во општина Зрновци во наредниот четиригодишен мандат, со што ќе продолжиме со унапредувањето на квалитетот за живеење на граѓаните и за целокупниот развој, истакна на прес конференција Борчо Коцев, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изминатиот период, заедно со граѓаните на општина Зрновци, институциите, министерствата и во разговор со експерти од различни области изготвивме сеопфатна програма којашто опфаќа и нуди решенија и проекти од секоја сфера. Истата е поделена во неколку поглавја, односно модерна патна инфраструктура поделена на три сегменти – изградба и реконструкција на регионални патни правци, изградба и реконструкција на локални патни правци, како и локални улици. Во делот на регионалните патни правци предвидуваме изградба и реконструкција на регионален пат правец општина Зрновци – општина Кочани и општина Зрновци – општина Виница. Во делот на локалните патни правци можам да го издвојам локалниот патен правец „Вински пат“ којшто ќе претставува алка за раст и развој во делот на агротуризмот, како и нови винови насади и плантажи. Во делот на урбанистичкиот одржлив развој предвидуваме разработка на урбанистички блокови во трите населени места, како и парцелација на градежно земјиште што ќе овозможи услови за вложување на приватниот сектор во растење и развивање и реализација на проекти, истакна Коцев.

Заедно со членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се на кандидатската листа за советници во Советот на Општината, Коцев нагласи дека во предизборната програма се предвидени проекти за младите, за развој на спортот, како и за создавање услови за стопански инвестиции на приватниот сектор.

-Оваа програма којашто заедно со кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја доставиме до секој еден жител, до секое домаќинство, се разликува од претходните затоа што во самата програма се предвидени Топ 5 проекти коишто буквално ќе ја прераснат општина Зрновци во економски моќна и ресурсен центар за туризам и здрав живот. Овде можам да ги набројам комплетна документација, од основен проект до урбанистички проект, за изградба на брана, акумулација на Зрновска Река, односно ново срце во Источна Македонија. Втор проект којшто го предвидувме е изградба на младински кампус – Екокампус во Видовиште на местото на старото училиште. Потоа изградба на четири бушотини за вода во трите населени места, со што значително ќе го подобриме квалитетот на водата. Предвидуваме изградба на индустриска зона во село Мородис на површина од 60 илјади квадратни метри, каде што ќе создадеме услови за изградба на преработувачки капацитети. Воедно, со вонурбанистички планови, предвидуваме на две локации во село Зрновци изградба на две индустриски зони со површина од 50 и 60 илјади квадратни метри, истакна Коцев.

Коцев додаде дека во изминатите четири години реализирани се повеќе проекти со единствена цел Зрновци да стане развиена општина за идните генерации.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: борчо коцевлокални избори 2025општина зрновци

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Ученици од основните училишта во Виница учествуваа во креативна работилница „Мал архитект на паркот – 2025“
Регион

Ученици од основните училишта во Виница учествуваа во креативна работилница „Мал архитект на паркот – 2025“

автор: Т. Ајтовски
16 октомври, 2025
0

Во рамки на програмата URBACT Pioneers Accelerator во Градскиот парк во Виница се одржа креативна работилница на која учествуваа 30 ученици од петто одделение од општинските основни училишта...

прочитај повеќе
Тодоров: Како градоначалник на Кочани ќе посветам внимание на подобрување на условите за живот и во селата во општината
Политика

Тодоров: Како градоначалник на Кочани ќе посветам внимание на подобрување на условите за живот и во селата во општината

автор: Т. Ајтовски
14 октомври, 2025
0

Посебно внимание во мандатот како градоначалник на Кочани ќе посветам на подобрувањето на условите за живот на жителите во селските населби во општината, без разлика дали се во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 16, 2025 - чет
Кочани, MK
15°C
облачно
облачно
2 m/s, SSE
69%
766.57 mmHg
thu10/16 fri10/17 sat10/18 sun10/19 mon10/20
-/13°C
облачно
15/11°C
слаб дожд
18/12°C
облачно
16/10°C
чисто небо
14/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?