Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Повредените во „Пулс“ плаќаат партиципација за лекување поради законски недоречености, Министерството за здравство бара начин да ги ослободи од обврската

автор: Т. Ајтовски
9 март, 2026 14:34
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Повредените во „Пулс“ плаќаат партиципација за лекување поради законски недоречености, Министерството за здравство бара начин да ги ослободи од обврската

Министерот за здравство, Азир Алиу, при својата посета на Општина Кочани и на Општата болница со проширена дејност, упати пораки за поддршка на граѓаните засегнати од минатогодишната трагедија во клубот „Пулс“, нагласувајќи дека државата останува целосно посветена на нивното закрепнување.

Министерот истакна дека постои целосна грижа за нив, има посебна работна група која континуирано ги следи, а во однос на поплаките дека сè уште плаќаат партиципација за медицинските услуги, најави дека се бара правно решение за овој проблем.

-Дефинитивно ние работиме на креирање на програма, бидејќи знаете партиципацијата е законска надлежност на секоја институција да се плати за секој пациент. Разговараме со работната група да најдеме начин како да влезе во некоја од програмите коишто ги имаме постоечки, бидејќи тоа ни е едно од ветувањата и лично моја и на на Владата за да може да се реши тој проблем. Таа партиципација, колку и да е мала треба да се отстрани, се со цел да може таа комуникација помеѓу институциите и семејствата или или граѓаните коишто имаат некаков тип на по барање на третман да можа да не плаќаат партиципација, истакна министерот Алиу.

Според министерот, грижата за повредените не е парцијална, туку опфаќа секого на кого му е потребна помош

-Од време на време ако треба, се консултираат со нашите доктори, а се консултираат и со лекари од надвор. Засега, моите информации зборуваат дека сите пациенти коишто имаат некаква потреба од третман, а којшто не е  возможен во земјата, тоа го правиме за да може и да се консултираме или евентуално да се носат надвор. Освен првата група што помина и се анализираат сите здравствени проблеми коишто ги имаат овие наши граѓани, поминаа низ втора процедура со којашто уште појасно ни е трендот на подобрување на здравствената состојба кај овие наши граѓани. Тоа ни е приоритет и како држава и како болница и како град. Знаете дека за кратко доаѓаме до една година од таа трагедија, а и понатаму работиме за да може да да се креира екосистем за овие граѓани коишто ќе се чувствуваат побезбедни и подобро третирани во нашето општество, додаде Алиу.

Паралелно со грижата за пациентите, Министерството за здравство започнува процес на децентрализација и регионализација, што вклучува и значајна реформа на медицинските специјализации.

-Здравството веќе влегува во таа фаза на децентрализација, на регионализација и тој дел ни е многу битен, и инфраструктурно и со човечки капацитети, работиме и со технологии за да може да биде сетиран како што е а потребно и по европски стандарди. Во таа насока, исто така менуваме и специјализации. Веќе нема да ги имаме шестгодишни и петгодишни специјализации, фактички насочени специјализации, бидејќи потребите кај нас кажуваат дека ние имаме потреба како инфраструктура, како демографија, да имаме и профили на општи специјализации и затоа тие ги враќаме, ќе бидат четиригодишни специјализации со цел побрзо да стигнеме до капацитети коишто нам ни се потребни, изјави Алиу.

Министерот изрази задоволство од досегашните видливи резултати во инфраструктурата, нагласувајќи дека неговиот домаќински пристап има за цел да ја врати довербата на граѓаните во здравствените институции.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: министерство за здравствопартиципација здравствотрагедија кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра
Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра

автор: Т. Ајтовски
13 март, 2026 13:43
0

Со посетата на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николовски, во Кочани денеска беше означен почетокот на голем инвестициски циклус кој ветува...

прочитај повеќе
Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
12°C
облаци
облаци
0 m/s, NNW
62%
756.81 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
-/9°C
неколку облаци
14/3°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
12/8°C
снег
5/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?