Општина Виница ја почна акцијата за отстранување на хаварисани, напуштени и нерегистрирани моторни возила, приклучни возила, како и земјоделски машини што сопствениците ги оставиле на јавните површини.
Акцијата „Чиста општина 2026“ се реализира во соработка со Полициската станица – Виница, а ќе има три фази.
Во првата фаза, што ќе трае до крајот на декември, се детектираат местата во општината каде има хаварисани и напуштени возила. Во текот на јануари идната година акцијата ќе има превентивен карактер, односно на возилата ќе се ставаат налепници со повик до сопствениците да ги остранат.

Репресивни мерки ќе се преземаат во третата фаза што ќе почне од 1 февруари 2026 година. Притоа, ќе се изрекува глоба од страна на Општина Виница и МВР- Полициска станица Виница за сопствениците кои нема да ги отстранат возилата од јавните површини во дадениот рок и оваа фаза ќе трае континуирано.
Од Локалната самоуправа го повикуваат сите граѓани кои ги имаат оставени хаварисани, искористени и напуштени моторни возила, приклучни возила како и земјоделски машини на јавните површини да ги отстранат со што ќе дадат свој придонес за чист град и здрава животна средина.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






