Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Поставена мерна станица за квалитетот на воздухот на зградата на Општина Кочани, покажува чудни податоци

автор: Т. Ајтовски
4 август, 2023 13:43
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Tрета година по ред Oпштина Kочани на прво место според активната транспарентност во Источниот регион

Деновиве, на општинската зграда е поставена мерна станица за следење на квалитетот на воздухот на подрачјето на општина Кочани.

Параметрите за квалитетот на воздухот, температурата, ветерот и други метеоролошки податоци можат да се следат на веб-страницата на Општина Кочани на линкот: https://ekodata.live/?page=kocani&module=cards

Поставувањето на апаратурата е во рамки на активностите за следење на состојбата со загаденоста на воздухот, но податоците што ги покажува мерната станица се загрижувачки – ако навистина се точни.

Според податокот за присуство на јаглерод моноксид, денеска во периодот околу 14 часот можеше да се прочита дека во околината на Општината има нездраво количество од гасот во износ од 21,25 милиграми на метар кубен, додека азот диоксид имаше во умерена количина од над 154 микрограми на метар кубен. За дневната температура мерната станица покажуваше 34 степени Целзиусови, со опис дека тоа е пријатно време.

На истата веб-страница има информации и за состојбата со воздухот за локација на булеварот „Тодосија Паунов“, во источниот дел на градот, на излезот кон Оризари, а таму податоците се уште понеповолни. Присуството на јаглерод моноксид е многу нездраво со 24,17 милиграми на метар кубен, а температурата во истиот временски период покажуваше 17 степени Целзиусови, со опис дека е умерено свежо. Само кај азот диоксид има одлични резултати од 3,83 микрограми на метар кубен, што се оценува како добро.

Необично е што податоците што ги покажуваат двете мерни места се дијаметрално спротивни и прашање е кому и дали воопшто можат да му користат. Прашање е и како тие ќе се искористат во креирањето мерки против актуелната состојба со квалитетот на воздухот во Кочани. Затоа што, ако до неодамна еден од загадувачите беше „Пејпар мил“, последниве месеци состојбата е алармантна поради чадењето од Градската депонија. Граѓаните на Кочани и без мерна станица знаеја дека дишат нечист воздух, а за жителите на Бели и да не спомнуваме.

Според она што сега го покажуваат, најверојатно податоците ќе треба да се земаат со резерва при анализата на загаденоста, а особено во делот на температурата на воздухот.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: загаденостквалитет на воздухотмерна станица

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Општина Кочани ќе го награди најуспешниот оризопроизводител во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“
Кочани

Општина Кочани објави оглас за избор на најуспешен оризопроизводител – наградата изнесува 60.000 денари

автор: Т. Ајтовски
15 септември, 2026 12:28
0

Во рамките на одржувањето на традиционалната културна манифестација „Денови на кочанскиот ориз 2026“, Организацискиот одбор при Општина Кочани го објави јавниот оглас за избор на најуспешен оризопроизводител во...

прочитај повеќе
„Нашите деца немаат рок, правдата не смее да истече“ – реакција на семејствата на починатите во „Пулс“ до правосудните институции
Кочани

„Нашите деца немаат рок, правдата не смее да истече“ – реакција на семејствата на починатите во „Пулс“ до правосудните институции

автор: Т. Ајтовски
11 септември, 2026 09:52
0

Здружението „16 март 2025 Кочани“ и семејствата на починатите во трагедијата во „Пулс“ упатија јавна реакција во која ја искажуваат својата загриженост од можноста бавноста на правосудните процедури...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 16, 2026 - сре
Кочани, MK
16°C
одвоени облаци
одвоени облаци
0 m/s, NW
64%
764.32 mmHg
wed09/16 thu09/17 fri09/18 sat09/19 sun09/20
неколку облаци
22/16°C
чисто небо
24/14°C
одвоени облаци
25/16°C
неколку облаци
26/17°C
неколку облаци
25/17°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?