Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Бочварски: Обезбедивме околу еден милион евра за реконструкција и изградба на сообраќајната и друга инфраструктура во општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
12 април, 2024 11:55
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Бочварски: Обезбедивме околу еден милион евра за реконструкција и изградба на сообраќајната и друга инфраструктура во општина Кочани

Министерството за транспорт и врски обезбеди над 60 милиони денари во повеќе проекти за подобрување на сообраќајната и другата инфраструктура во општина Кочани, со што се унапредуваат условите за живот на граѓаните и се менува изгледот на градот, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешниот увид во реконструирањето на улици во Кочани.

-За реконструкција на улицата „Борис Трајковски“ инвестираме околу 12 милиони денари, а потоа ќе продолжи и реновирањето на улицата „Гоце Делчев“ за која се обезбедени 15 милиони денари. Претходно, реконструиравме уште три улици во градот, со што освен на регионалната патна мрежа, внимание дадовме и на локалните сообраќајници. За општина Кочани на располагање имаме околу еден милион евра, од кои дел се веќе инвестирани и реализирани. Во изминатиот период завршивме и со реконструкција на патниот правец до Пониква, реконструиравме 15 мостови на патниот правец кон Делчево, обновена е обиколницата околу Кочани, истакна министерот Бочварски.

Реализацијата на инфраструктурните проекти во претходните години се одвивала во отежнати услови поради Ковид пандемијата и енергетската криза, но и покрај тоа инвестициите не биле прекинати во ниту една општина во државата.

-Како министер соработував со две локални власти во Кочани, и од СДСМ и со градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, се работи нормално, без опструкции, таа соработка дава резултат и така ќе продолжиме и во иднина. Овде завршивме и со социјалната станбена зграда која има веќе и технички прием, но поради изборниот процес мораме да почекаме да завршат изборите и веднаш потоа да биде распишан повикот за распределба на новите социјални станбени единици. Мора да споменам дека имаме уште еден проект, а тоа е Декада на Ромите. Кочани во последните две години има добиено околу три милиони денари за два проекта кои што општината проценила дека се потребни, како и во останатите градови во овој регион, а во моментов се работи во општините Чешиново-Облешево и Карбинци, додаде Бочварски.

Министерот за транспорт и врски рече дека само во последните неколку години изградени и распределени се девет социјални станбени згради во Струмица, Македонски Брод, Гостивар, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и Демир Капија, ќе следи распределба во Кочани и Велес., а наскоро ќе почне и изградба на две нови социјални станбени згради во Штип и Прилеп.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кочаниминистерство за транспорт и врски

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
17°C
облаци
облаци
1 m/s, ESE
57%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?