Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Во библиотеката „Искра“ отворен 18. Саем на книгата, учествуваат 13 издавачки куќи

автор: Т. Ајтовски
4 ноември, 2024 13:20
во Култура
време на читање: 3 мин.
A A
Во библиотеката „Искра“ отворен 18. Саем на книгата, учествуваат 13 издавачки куќи

Под мотото „Сакам бистар ум, затоа читам!“ во библиотеката „Искра“ денеска беше отворен 18. Саем на книгата, како дел од активностите за одбележување на Месецот на книгата.

На штандовите се претставуваат 13 издавачки куќи, што се меѓу најпознатите и најреномирани во државата, а со кои кочанската библиотека соработува подолг период.

Меѓу големиот број наслови, љубителите на пишаниот збор имаат можност да пронајдат жанровски разновидна литература.

-Имаме можност да разгледаме голем број на наслови, и за возрасни и за деца. Книги од македонски и странски автори од современа современата книжевност, класици, драми, од романите – крими трилери, авантури и акции, романси, научна фантастика историски романи, популарна психологија. За деца, исто така, имаме голема понуда почнувајќи од боенки, сликовници, книги со налепници, звучни сликовници, друштвени едукативни игри, детски романи, детски енциклопедии, збирки приказни итн.  Како што го одржуваме телото со физички вежби, така треба да го негуваме и духот, убаво би го негувале со читање книги, затоа што читањето нема никакви недостатоци, а може да има само предности. Да го негуваме духот, за во здраво тело да имаме здрав дух, за да имаме бистар ум, да бидеме остроумни, да донесуваме секогаш вистински одлуки во животот, истакна  Мара Анастасова, координаторка на Саемот на книгата.

Присутните на Саемот ги поздрави и градоначалникот на Љупчо Папазов, кој воедно ја отвори манифестацијата.

-Во време на една дигитална трансформација, во време на едно современо општество на дигитализација и технолошки напредок, ова е еден сериозен предизвик да се вратиме на книгата, да се вратиме на читањето, кое сепак не излегува од мода. Затоа благодарност до сите 13 издавачки куќи кои земаат учество, кои нудат свои наслови од различни жанрови, кои заеднички со матичната библиотека прават обид да ја негуваат навиката за читањето и да го промовираат читањето и љубовта кон книгата, истакна градоначалникот Папазов.

На отворањето на Саемот на книгата, беше претставена авторката Фросина Пармаковска, која за својот роман „Сè уште можам нешто да сторам“ е овогодишна добитничка на „Рациновото признание“.

Саемот на книгата во билиотеката „Искра“ ќе биде отворен до 9 ноември, а граѓаните ќе можат да го посетат во период од 10 до 18 часот.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: библиотека „искра“саем на книгата

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Изложба „Спомени на едно време“ во Виница – предмети стари и над 150 години сведочат за традицијата
Култура

Изложба „Спомени на едно време“ во Виница – предмети стари и над 150 години сведочат за традицијата

автор: Т. Ајтовски
6 март, 2026 19:05
0

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во Виница беше отворена уникатната изложба на стари предмети насловена „Спомени на едно време“. Настанот, кој привлече голем интерес...

прочитај повеќе
„Уметноста зборува кога зборовите замолкнуваат“ – хуманитарна изложба во чест на Сара Јорданова ја обедини јавноста во Кочани
Кочани

„Уметноста зборува кога зборовите замолкнуваат“ – хуманитарна изложба во чест на Сара Јорданова ја обедини јавноста во Кочани

автор: Т. Ајтовски
27 февруари, 2026 20:15
0

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва беше отворена хуманитарна групна изложба во чест и спомен на младата Сара Јорданова, чиј живот трагично згасна во несреќата...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
13°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, SW
54%
756.06 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
-/9°C
неколку облаци
14/3°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
12/8°C
снег
5/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?