Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

„Уметноста зборува кога зборовите замолкнуваат“ – хуманитарна изложба во чест на Сара Јорданова ја обедини јавноста во Кочани

автор: Т. Ајтовски
27 февруари, 2026 20:15
во Кочани, Култура
време на читање: 3 мин.
A A
„Уметноста зборува кога зборовите замолкнуваат“ – хуманитарна изложба во чест на Сара Јорданова ја обедини јавноста во Кочани

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва беше отворена хуманитарна групна изложба во чест и спомен на младата Сара Јорданова, чиј живот трагично згасна во несреќата во клубот „Пулс“ на 16 март минатата година.

Настанот, кој обедини бројни уметници и граѓани, претставуваше спој на тага, сеќавање и надеж, со цел личната болка да се претвори во колективна сила и хуманост.

Голем број роднини, пријатели, познаници и граѓани присуствуваа на отворањето на настанот, а уметнички дела беа изложени во двете фоајеа на Центaрот за култура кои беа претесни да ги примат сите заинтересирани.

Преку емотивни говори и моќни уметнички дела, нaстанот не беше само сеќавање на една загуба, туку и славење на животот на една исклучителна девојка која остави неизбришлива трага како уметник, тапанар и скијач.

-Таа беше уметник кој со моливот создаваше дела кои чиниш се цртани од ангел божји. Таа беше уметник не само со делата, туку и со храброста со која го гледаше светот. Во нејзините дела има емоција која не бара објаснување. Има тишина што зборува. Има допир кој те гали додека ја гледаш сликата. Има искреност, има слобода, има фантазија. Беше тапанар. Замислете ја таа нежна, слаба девојка како удира со сила на молња по тапанот и како ужива во тоа. Да ја запаметиме таа моќ на Сара. Сетете се како Сара се смееше. Заразно, искрено, од срце. Да ја чуваме од заборав таа насмевка. За мене Сара не беше само уметникот, скијачот, тапанарот. За мене Сара беше мојата сестра, беше мојот дом, моето огледало на душата, беше мојата и нашата тивка сила. Сара денес не е физички помеѓу нас, но таа е меѓу нас. по секое нејзино дело, по секоја боја, таа е во палката која удира по тапанот. Таа е ангелот кој сега задоволно сме се смее што сме собрани овде на оваа изложба за да ја почувствуваме нејзината трага која за мене, за нејзината мајка, татко, брат, за нашето семејство никогаш нема да бледнее, рече Љупка Јорданова, братучетка на Сара.

Мајката на Сара изрази длабока гордост за патот по кој чекорела нејзината ќерка, нагласувајќи дека вредноста на животот не се мери со поминатите години, туку со љубовта и бесконечната трага што се остава зад себе.

-Не сечиј живот се мери со години, туку со љубовта што ја дели, со трагата што ја остава зад себе, а нејзината трага е бесконечна. Затоа вечерва ќе оставам делата да зборуваат. Кога велам дела, мислам на уметничките дела коишто се изложени вечерва овде и ги гледате, но мислам и на делата коишто ние ги правиме овде вечерва, на она доброто и хуманото, на она каде што се трудиме болката да ја претвориме во сила, темнината во светлина. И на она што се трудиме да помогнеме со еден млад згаснат живот, да помогнеме на други животи на коишто и е потребно за да можат подостоинствено и подобро да живеат. Затоа благодарам на сите уметници, академци и аматери коишто ги донираа своите уметнички слики вечерва за оваа изложба во чест на Сара, истакна Лидија Јорданова, мајка на Сара.

Во просториите на Центaрот за култура се изложени дела донирани од голем број академски и аматерски уметници, кои со својот придонес му оддадоа почит на згаснатиот млад живот.

Оваа изложба останува како сведоштво за еден „ангел меѓу нас“ и потсетник дека уметноста и хуманоста се најмоќното оружје против заборавот.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: изложбатрагедија кочаницк „бели мугри“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе
Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
20°C
облаци
облаци
3 m/s, ENE
42%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/13°C
чисто небо
21/9°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/6°C
чисто небо
19/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?