Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“ – Кочани и Интернационалната полициска организација потпишаа договор за соработка

автор: Т. Ајтовски
23 јуни, 2025 14:13
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“ – Кочани и Интернационалната полициска организација потпишаа договор за соработка

Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“ од Кочани и Интернационалната полициска организација (ИПО) со седиште во Милано, Италија, денеска потпишаа договор за соработка на програми и проекти што се од заеднички интерес за унапредување на нивното дејствување.

Покрај договорот за соработка, ИПО која е мултинационална професионална и образовна невладина организација и има посебен консултативен статус со Економскиот и социјален совет на Обединетите нации, отвори и канцеларија во Кочани, со што дополнително ќе го зајакне своето работење.

-Договорот со спасителската служба од Кочани е дел од определбите да го унапредиме нашето присуство во Македонија за што веќе потпишавме слични документи со Министерството за внатрешни работи, со општини, амбасади и други здруженија. Во зависност од областа во која тие дејствуваат, ќе подготвиме проекти на кои заеднички ќе работиме, особено во обезбедувањето меѓународна поддршка за нивна практична реализација, истакна Сејфула Бектеши, претседател на македонската секција на ИПО.

Во рамки на соработката се планира просториите и опремата со кои располага планинската спасителска служба од Кочани да се користат како тренинг центар за членовите на ИПО и за ученици од основните и средните училишта.

-Планираме заеднички да отвориме центар за едукација за заштита и помош во природа, а практичната обука да се одржува на планинските терени на Осоговијата. Со оглед што кај нас нема задолжителен воен рок, сакаме на младите да им помогнеме да научат како да се снаоѓаат во специфични услови во планина, како сами да се извлечат од опасност со користење прирачни средства и да му помогнат на друго лице кое е повредено, истакна Гоце Исајов, претседател на Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“.

Соработката на двете здруженија треба да овозможи и добивање финансиска поддршка од европските и меѓународните фондови.

-Ќе аплицираме со заедничи проекти за обезбедување средства, а со кои ќе ја унапредиме безбедноста на граѓаните при престој во планина. Сметаме дека Пониква и овој дел од Осоговските Планини имаат одлични услови за реализација на планот за отворање едукациски и тренинг центар во кој ќе можат да се обучуваат и членови на други спасувачки здруженија во Македонија, а во перспектива и од други држави, истакна Гоце Делчев Тодев, генерален секретар на македонската секција на ИПО.

Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“ е дел од Националниот сојуз за планинско спасување и со своите 20 активни членови е единствено такво здружение во Источниот регион. Службата располага со два објекта на Пониква, како и со неопходната опрема за спасување лица во планински услови.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: доброволна планинска спасителска служба „осогово“ - кочаниинтернационална полициска организацијапониква

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
15°C
облаци
облаци
1 m/s, ENE
68%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?