Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Жителите на Тркање ја блокираа улицата низ селото по која поминуваат тешки возила кон индустриската зона кај Кочани

автор: Т. Ајтовски
12 мај, 2025 15:06
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Жителите на Тркање ја блокираа улицата низ селото по која поминуваат тешки возила кон индустриската зона кај Кочани

Со земјоделска механизација и автомобили жителите на Тркање попладнево ја блокираа улицата „Мите Стојчев“ што поминува низ селото, а по која поминуваат голем број тешки товарни возила, автобуси и други превозни средства кон индустриската зона во Кочани.

Учесниците на протестот истакнаа дека поради интензивниот сообраќај се загрижени за личната и безбедноста на најмладите во семејствата, а коловозот е сериозно оштетен и не можат да го користат за своите секојдневни потреби.

-Оваа улица не е предвидена за толкав број возила, а посебно што секојдневно поминуваат автобуси за вработените, миксери за бетон, тешки камиони со повеќе од 40 тони. Асфалтот целосно е пропаднат, а ѕидовите на куќите во близина веќе се напукнати. Бараме од Општината, од државата или од странски донации да помогнат и да се направи генерална реконструкција. Исто така, да се постават сообраќајни знаци за предвидената носивост и успорувачи на брзината на возилата, а тоа да биде што побрзо, истакна Љупчо Стоименов, жител на Тркање.

Претставници од општинскиот Сектор за урбанизам, од сообраќајната инспекција и в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски се сретнаа со жителите на Тркање и ги информираа дека во тек е постапка за реконструкција на улицата, а ќе се гради и ново сообраќајно решение од друг правец, што ќе се користи за потребите на индустриската зона и за компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“.

-Ова село е запоставувано со години и го поддржувам правото на протест на жителите. За неполн месец, колку што сум на функцијата, имавме состанок со претставници од селото и беа донесени заклучоци, во најбрз можен рок квалитетно да се реконструира оваа улица и да се обезбеди нов пристап за возилата за компаниите. Се работи за сериозна инвестиција, за тоа е потребно и време, а во план се и други проекти за ова село кое е во нашите приоритети, истакна в.д. градоначалникот Крстевски.

Од компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, која ја користи улицата за пристап и превоз на вработените, истакнаа дека имаат разбирање за барањата на жителите на Тркање и им даваат поддршка за решавање на проблемот.

-Ние сме на иста страна со нив и надлежните институции треба да си ја завршат работата што веќе три-четири години тапка во место. При изградбата на експресниот пат Кочани – Штип ние реагиравме, но нашето барање не беше прифатено и пропуштена е можноста да се изгради надвозник. Има проект што предвидува како да се реши, но засега стои само на хартија. Ова е аларм да се забрзаат работите, што можат за неколку месеци да се решат, за да превенираме ризици од тешки сообраќајни несреќи, да се скрати патувањето на нашите вработени, а и на жителите на ова село ќе им се олесни живеењето, истакна Сашко Наков, директор на „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Стручните служби во Општина Кочани информираа дека веќе е почната постапка за експропријација и изградба на нов сообраќаен пристап, со што ќе се избегне влегувањето на тешки возила во селото. Реконструкцијата на улицата „Мите Стојчев“ треба да се заврши во рок од неколку месеци, а според предвидувањата новата сообраќајница за индустриската зона би требало да биде ставена во функција во почетокот на идната година.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: амфенол технолоџи македонијасообраќајна инфраструктуратркање

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Кочани обединето во чест на прерано заминатите деца: Масовни спортски активности за поддршка на повредените
Кочани

Кочани обединето во чест на прерано заминатите деца: Масовни спортски активности за поддршка на повредените

автор: Т. Ајтовски
15 март, 2026 11:49
0

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, денеска од Паркот на Револуцијата го означи почетокот на серија спортски активности со цел оддавање почит на прерано заминатите деца и давање...

прочитај повеќе
Една година од трагедијата во „Пулс“: Кочани се сеќава, повредените низ спорт и терапија се враќаат во живот
Кочани

Една година од трагедијата во „Пулс“: Кочани се сеќава, повредените низ спорт и терапија се враќаат во живот

автор: Т. Ајтовски
15 март, 2026 11:24
0

Со кошаркарски натпревар меѓу екипи од повредените во пожарот во „Пулс“ и пораки за побрзо оздравување, во Кочани се одбележува една година од Трагедијата. Настанот, кој ги собра...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 15, 2026 - нед
Кочани, MK
14°C
облачно
облачно
1 m/s, SSW
47%
756.81 mmHg
sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18 thu03/19
слаб дожд
13/7°C
чисто небо
14/3°C
облаци
14/7°C
снег
7/4°C
облаци
9/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?