Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ е над 40 илјади денари, семејствата сами се снаоѓаат за пари

автор: Т. Ајтовски
4 јуни, 2025 12:13
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ е над 40 илјади денари, семејствата сами се снаоѓаат за пари

Родителите чии деца беа повредени во пожарот во „Пулс“ се соочуваат со големи финансиски трошоци за лекување и третман на раните, главно од изгореници. Очекуваната поддршка од државата за нив е невидлива, а се снаоѓаат како што знаат и умеат.

По третманот во Општата болница во Кочани и во другите здравствени институции во државата, секојдневна останува нивната обврска за обезбедување нега на повредените деца. Поради тоа, некои од нив се оневозможени да продолжат со работните обврски за да обезбедат редовни средства, па или се задолжуваат или бараат помош од други.

 -Освен од Црвен крст, до сега немаме добиено никаква финансиска помош од државата. Потпишувавме некаков договор да ги покријат трошоците за нашиот престој во странство, додека децата ни беа таму на лекување, при што беше нагласено дека ќе ни бидат надоместени само ноќевањата и појадокот, а другите издатоци се наши. Ниту тоа до сега не е покриено. По враќањето од странство, сите трошоци за третман на изгорениците на рацете на мојата ќерка ги поднесуваме сами, а верувајте дека износот воопшто не е мал. На пример, една лепенка што се користи за покривање на повредите чини меѓу 35 и 55 евра, во зависност од каде ќе ја набавите. Лепенките тешко се наоѓаат во аптеките, пред два дена дознав дека ги има во Струмица и ги купив сите пет што ги имаа. Веќе се јавувавме кај пријатели и роднини во Италија, да ни ги испратат, а таму цената е нешто повисока. Една лепенка е со должина од 25 сантиметри и ако повредата е поголема, што е најчест случај кај повеќето пациенти, тогаш мора да се користат по две, три и повеќе одеднаш. Периодот на менување на лепенката е три-четири дена, односно најмалку двапати неделно. Тоа значи дека само за лепенки и креми, во просек, се трошат по 500 евра месечно, плус останатите давачки. Најмалку што може да чини едномесечен третман во нашиот случај е 40 илјади денари, без да ги сметаме придружните трошоци за транспорт и поддршка, истакна татко чија ќерка се здобила со релативно полесни изгореници во пожарот.

Наместо во Кочани, како што било најавувано, редовните прегледи ги прават на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје. Прегледите се бесплатни, но трошоците за превоз на пациентите се на сметка на семејствата. Во зависност од потребите, се патува два – три пати за Скопје, значи најмалку стотина евра само за транспорт.

-Проблем е и што повредените не смеат да се изложуваат на сонце, така што патувањето е дополнителен ризик. Дополнително, ќерката посетува психолог во Скопје, тој трошок го покриваме сами, а на пациентите кои се лекуваа во Србија и Бугарија веќе им е кажано дека сите контролни прегледи во тамошните болници во иднина ќе се плаќаат, плус патувањето до таму. Проблем имаат и родителите на децата кои отсуствуваа од работа додека беа во странство. Сите земавме боледувања, ни беше ветено дека тоа ќе се регулира и ќе биде целосно покриено, но за тие месеци добивме по 70 отсто од платата, а дел од родителите со кои контактираме, ни рекоа дека уште не се вратиле на работа поради секојдневните обврски за помош на нивните повредени деца. Лекарите ни кажаа дека третманот на повредите во нашиот случај ќе потрае најмалку една година, додава таткото.

Освен физичките повреди и болки низ кои заедно со повредената ќерка поминува семејството, дополнителен товар е и психичкиот момент, затоа што друг близок е меѓу починатите во пожарот.

-Денот ни почнува со носење на преврски во Болницата, потоа се третмани дома. Одиме и на психолог, а во меѓувреме секојдневно ги посетуваме гробиштата за да оддадеме почит на нашиот внук. Ова ќе биде долга и тешка битка, заклучува родителот.

Од Министерството за финансии пред неколку дена информираа дека од државниот буџет досега биле обезбедени околу половина милион евра, а повредените кои се лекуваа во странство добиле околу 200 илјади евра.

-Владата на Република Македонија многу брзо реагираше во оваа ситација. Од Буџетот за настраданите се обезбедени 30 милиони денари и досега се исплатени 11,2 милиони денари за повредените во странство. Преку Црвениот крст се собрани над 100 милиони денари, активност што се спроведуваше во координација со Владата и беше во моментот единствениот најбрз можен начин да се соберат средства и да се излезе во пресрет на семејствата на настраданите. Затоа одевме со две постапки, од кои едната беше со Црвениот крст каде што и ние сите како функцинери и пратеници од владејачкото мнозинство, а и опозицијата сме донирале, рече министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, дополнувајќи дека освен директната, дополнителна поддршка се обезбедувала и преку Фондот за здравствено осигурување за лекувањето на повредените.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дискотека „пулс“општа болница со проширена дејност - кочанитрагедија кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
18°C
облачно
облачно
3 m/s, E
49%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?