Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Хуманост и спорт на Меѓународниот карате турнир „63 ангели“ во Кочани во чест на настраданите во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
28 февруари, 2026 12:38
во Кочани, Спорт
време на читање: 4 мин.
A A
Хуманост и спорт на Меѓународниот карате турнир „63 ангели“ во Кочани во чест на настраданите во „Пулс“

Во спортски дух, но со длабока почит и емоции, во Кочани е организиран Меѓународниот карате турнир „63 ангели“. Овој голем спортски настан, кој обедини 379 натпреварувачи од 32 клуба од Македонија и Србија, е во знак на сеќавање на жртвите од трагичната несреќа во „Пулс“ што го погоди овој град.

Турнирот е заедничка иницијатива на карате клубот „Партизан“ од Кочани и Карате федерацијата на Македонија, а главниот поттик за организацијата дојде од македонскиот репрезентативец и член на КК „Партизан“, Филип Стојанов.

Настанот е со цел преку темелните вредности на каратето – дисциплината, почитта и солидарноста – да ја обедини јавноста во заедничка хуманитарна акција.

-Овој турнир нека биде начин за достоинствено сеќавање и почит кон починатите и поддршка кон повредените во трагедијата. Од името на карате клуб Партизан и на село Кочани им благодариме на Македонската карате федерација, на судиската организација за поддршката во организирањето на овој турнир и на сите коишто на свој начин помогнаа и помагаат сите учесници да се натпреваруваат и чувствуваат пријатно во Кочани. Со овој турнир испраќаме уште една порака дека каратето е повеќе од натпревар, тоа е карактер, почит и човечност, истакна Благојчо Арсов од КК „Партизан“.

-Името 63 ангели не е само бројка. Тоа се 63 соништа, 63 насмевки, 63 животи што треба да продолжат. Наша обврска е никогаш да не ги заборавиме. Ова е искрен гест и придонес кој ни покажува дека не сме сами, дека болката ја делиме сите. Каратето не учи на дисциплина, почит и чест. Денес тие вредности ги претвораме во хуманост и заедништво. Денес победата нема да се мери само со медали, туку со срце. Нека овој турнир биде симбол дека од трагедија може да се роди солидарност, дека од болка може да се роди сила и дека љубовта кон нашите ангели ќе не обединува засекогаш, истакна Александар Наунов, претставник на здружението „16-ти март“, додавајќи дека секоја борба и секој аплауз денес се посветени на оние кои засекогаш ќе живеат во мислите на своите сограѓани.

Карате турнирот ја надмина чисто спортската димензија, а собраните средства од котизацијата за учество ќе бидат целосно донирани на волонтерската организација „Супорт Кочани“.

Секретарот на Карате федерацијата на Македонија, Игор Миновски, потенцираше дека каратето не создава само врвни спортисти, туку и личности со високи морални вредности.

-Како Карате федерација горди сме што поддржуваме иницијативи кои го промовираат спортот како сила што обединува и помага. Вашето учество денес е повеќе од натпревар, а тоа е порака за заедништво и хуманост. На натпреварувачите им посакувам фер борби и успешни настапи, а на сите присутни убави спортски моменти и силна позитивна енергија, порача Миновски.

На свеченото отворање присуствуваа и претставници на Локалната самоуправа, при што беше упатена благодарност до сите учесници и ветено дека Општината ќе продолжи да поддржува вакви иницијативи кои го негуваат споменот на настраданите.

-63 ангели е многу мал збор ако кажеме за тоа колку тие заслужуваат. Овој настан нека биде само почеток на низата настани кои Општина Кочани ќе продолжи да ги поддржува, како и секогаш ќе биде поддршка за Здружението на граѓани 16-ти март, рече Љупчо Ѓорѓиевски, член на Советот на Општина Кочани.

На турнирот продефилираа бројни клубови, испраќајќи силна порака дека спортот има моќ да биде поддршка и во најтешките моменти. Победите на овој турнир не се мерат само со медали, туку со големината на срцето на сите учесници.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: здружение на граѓани „16 март 2025 - кочани“карате клуб „партизан“ - кочаникарате турниропштина кочанитрагедија кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
18°C
облачно
облачно
3 m/s, E
49%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?