Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Амбасадата на Германија донираше противпожарно возило и заштитна опрема за Доброволното противпожарно друштво – Кочани

автор: Т. Ајтовски
25 април, 2025
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Амбасадата на Германија донираше противпожарно возило и заштитна опрема за Доброволното противпожарно друштво – Кочани

Противпожарно возило од марката „ивеко“ и опрема за лична заштита и спасување доби Доброволното противпожарно друштво од Кочани што ги донираше Амбасадата на Германија.

Донацијата е во рамки на воспоставената соработка и е поддршка за општина Кочани по трагичниот пожар во клубот „Пулс“. Возилото кое набавено со средства од Амбасадата, располага хидраулична опрема, пумпи за вода, клешти за извлекување лица во сообраќајки, а може да превезува и девет лица. Во комплетот заштитна опрема  има три илјади заштитни панталони, шлемови, ракавици и други единечни делови, како и 300 пара чизми, а опремата ја обезбедија членовите на германското Здружение на доброволни пожарникари.

-Со колегите зедовме одмор за да возиме три илјади километри и да ја донесеме опремата и запознавме луѓе на кои таа навистина ќе им биде потребна. Посакуваме да немаат многу интервенции, а од оние малку што ќе ги имаат да се вратат живи и здрави и да бидат соодветно заштитени, истакнаа претставниците на германското Здружение на доброволни пожарникари.

Благодарност за донацијата искажаа од ДПД – Кочани од името на сите граѓани на општината.

-Со оваа опрема значително ги зголемуваме нашите капацитети за дејствување, како кај пожари, така и кај технички интервенции и во сообраќајни несреќи. Ова е голем исчекор за нашата работа и се надеваме дека во иднина ќе можеме заедно да соработуваме на други проекти, истакна Златко Илијев, претседател на ДПД – Кочани.

При престојот во Кочани, претставниците на германското Здружение на доброволни пожарникари пред клубот „Пулс“ им одадоа едноминутна почит на настраданите во катастрофалниот пожар.

Донацијата на возилото и опремата е продолжување на поддршката од Амбасадата на Германија која заедно со ДПД – Кочани пред две недели почна проект за психолошки обуки за наставниот и друг кадар во основните и средните училишта, како и за воспитувачите во градинките во Кочани. Исто така, ќе се спроведат практични обуки за укажување прва помош, превенција и заштита од пожари за учениците.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: амбасада на германијадоброволно противпожарно друштво - кочанипротивпожарна заштита

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“
Кочани

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“

автор: Т. Ајтовски
24 мај, 2025
0

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за...

прочитај повеќе
24-годишник од Кочани заработи притвор за убиство во обид
Кочани

Семејствата на жртвите во клубот „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

автор: Администратор
24 мај, 2025
0

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 25, 2025 - нед
Кочани, MK
12°C
облачно
облачно
1 m/s, WSW
92%
759.06 mmHg
sun05/25 mon05/26 tue05/27 wed05/28 thu05/29
слаб дожд
13/7°C
слаб дожд
18/8°C
облачно
20/12°C
неколку облаци
21/11°C
облачно
21/12°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?