Во официјална посета на Општина Кочани денеска беше амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ при што се сретна со в.д. градоначалникот Венко Крстевски.
На средбата амбасадорката се интересираше за состојбата во Кочани по трагедијата, за семејствата на загинатите, лекувањето на повредените и за потребите од соодветна поддршка.
Амбасадорката Тигањ и в. д. градоначалникот Крстевски разговараа и за можностите за промоција на туристичките капацитети на Кочани, како и за промоција и извоз на кочанскиот ориз на хрватското крајбрежје.
За таа цел, на покана на амбасадорката и на градоначалникот на Скрадин, в. д. градоначалникот Крстевски, на 12 септември ќе присуствува на фестивал на рижотото во Хрватска, каде што директно ќе разговара со бизнис-секторот за пласман на кочанскиот ориз.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






