Во пресрет на новогодишните и божикните празнувања „Амфенол Технолоџи Македонија“ организираше новогодишна прослава со богата програма.
За дечињата на вработените во компанијата беше прикажана новогодишната претстава „Дедо Мраз те сакам јас“ во изведба на актерите од „Театар Провокација“, а на најмладите им беа поделени 910 новогодишни пакетчиња .
-Среќните и насмеани лица на децата се најголемиот подарок за нас, истакнуваат од компанијата.
Исто така, обезбедена и поделена е донација од новогодишни пакетчиња на кои им се израдуваа 365 дечиња, а се реализираше и акција за собирање нерасиплива храна што беше распределена во 37 пакети, кои што во соработка со Црвен Крст – Кочани, ќе им бидат поделени на стари и социјално загрозени лица.
За сите вработени во „Амфенол Технолоџи Македонија“ беше организирана новогодишна забава во ресторанот „Амор“, проследена со богата лотарија и одлична забава за која беа задолжени DJ Mike Rose и Жаре Бербер заедно со „Галама Бенд“.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.