Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ од Кочани денеска со пригодна свеченост и собир на вработените ја одбележа 11-годишнината од основањето. На свеченоста по повод годишнината на најдобрите и на работниците со непрекинат стаж им беа доделени награди и признанија.
Присутните вработени ги поздрави извршниот директор Сашко Наков, кој им честиташе на досегашните успеси и најави продолжување на инвестициите и развојот на компанијата.
-Почнавме пред 11 години и сега сме 3.200 вработени, со 9 бизнис единици и резултати коишто се за почит. Јас сум горд на резултатите на сите вас, вработените во „Амфенол“ за што сум бескрајно благодарен. Би сакал да потврдам дека продолжуваме понатаму со развојот, и покрај сите предизвици што ни се случуваат и минатите и оваа година, а веројатно и во наредниот период, ние продолжуваме со раст и развој, со нови проекти, со нови згради, со нови капацитети. Можам да потврдам изградба на уште една зграда во автомобилскиот сектор и нова деловна единица, десетта по ред, којашто требс да почне во јануари 2025 година. Така што, со тоа само потврдуваме дека растот и развојот продолжува како и во изминатите 11 години, истакна Наков.
На свеченоста по повод 11. роденден на компанијата, на најдобрите и на работниците со непрекинат стаж од 5 и 10 години им беа доделени награди и признанија, односно рачни часовници и вредносни ваучери
Во рамки на прославата на годишнината беше организиран пригоден настан и за дечињата на вработените, а исто така се одржа и традициналниот турнир во мал фудбал меѓу екипите од производните единици во компанијата.
Паралелно со прославата, „Амфенол Технолоџи Македонија“ ја потврди општествената одговорност со донации за детските во општините Зрновци и Чешиново-Облешево, за Доброволното противпожарно друштво – Кочани, како и за Општата болница со проширена дејност во Кочани. Со оглед што во компанијата има вработени и од соседните општини, грижата за нив и другитеграѓани ќе биде потврдена со поставување автобуски постојки.
Фабриката во Кочани е дел до американската корпорацијата „Амфенол Технолоџи“, која произведува кабли за вградување во автомобилската индустрија, како и ектремно големи антенски структури што телекомуникациските компании ги користат за нивните базни станици за мобилната телефонија. Во меѓувреме производниот процес во кочанските погони се разви и прошири и во други дејности.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.