Водечката компанија во регионот ,,Амфенол Технолоџи Македонија“ го проширува производството, за што ја отвори десеттата по ред производна единица – ATM/FEP.
Во овој нов капацитет ќе се произведуваат електрични компоненти за автомобилската индустрија, а крајни купувачи на деловите произведени во ATM/FEP се врвните светски производители на возила.
Најновата производна единица е опремена со најсофистицирана опрема, а целокупното производство е наменето за најновите модели на електрични возила на најпознатите светски автомобилски брендови.
Со својот најнов проект FEP -,,Амфенол Технолоџи Македонија” непосредно е во тек со најновите трендови во автомобилската индустрија. Проширувањето на производството на ,,Амфенол“ отвора нови перспективи за развојот на компанијата.
Со зголемувањето на бројот на капацитетите се отвара и можност за нови вработувања, а бенефит ќе имаат и локалната и националната економија, во кои ,,Амфенол Технолоџи Македонија“ е респектабилен фактор и има значаен придонес.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






