Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

„Амфенол Технолоџи Македонија“ ќе ја заврши 2024 година со раст од 10 отсто и останува меѓу најголемите 5 извозни компании

автор: Т. Ајтовски
26 декември, 2024 15:33
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
„Амфенол Технолоџи Македонија“ ќе ја заврши 2024 година со раст од 10 отсто и останува меѓу најголемите 5 извозни компании

Со вкупен раст на производството од 10 отсто ќе биде одбележана тековната 2024 во споредба со минатата година во компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, што претставува предизвик за остварување нови успеси и во претстојниот едногодишен период.

На денешната прес-конференција директорот на компанијата, Сашко Наков изрази задоволство и гордост од постигнатото, особено што се реализирани повеќе нови проекти и процеси, а почна со работа и нова бизнис единица.

– „Амфенол Технолоџи Македонија“ може да се пофали со одлични резултати во годината што изминува, растот е некаде околу 10 проценти што во овие услови и предизвикувачка година е одлично. Благодарност до сите вработени, до тимот за сѐ што е направено во 2024 година. Стигнавме до бројка од околу 3.200 вработени, извозот е зголемен за десетина проценти и повторно сме во групата на првите 5 компании извозници од Македонија. Сите тие параметри даваат за право да бидеме горди што сме дел од „Амфенол“, истакна Наков.

Обраќајќи се до јавноста, Наков нагласи дека и во 2025 година се очекува да продолжи растот, а од почетокот на новата година ќе стартува со работа уште една производна единица.

-Почнавме со подготовки за нова хала во автомобилскиот дел, и таму планираме една нова димензија, процеси кои ќе бидат нови за нас и бараат сѐ повеќе автоматизација и знаење на вработените. Тоа е предизвик за сите и можност за унапредување и усовршување. Втората работа е што почнуваме со новата , десетта деловна единица – профитен центар во „Амфенол Технолоџи Македонија“. Подготовките се во тек и стартуваме од јануари. Имаме веќе готова зграда која ја адаптираме и тоа би биле поглавните активности кои ги очекуваме во 2025 година. Го зголемуваме нашето портфолио на подготовка на уреди за тестери за надградба на опремата за алати и алатница и имаме се повеќе компетентост и експертиза кај нас. Ние секогаш сме амбициозни и се надеваме на околу 200 милиони евра извоз во следната година, информираше Наков.

Како и во тековната и во наредната година ќе продолжи трендот на пораст на платите заради подобра мотивација и задржување на вработените.

-Најважно е дека минималната плата доведува до корекции на сите плати. Во сите предизвици и кризи, вработените на „Амфенол“ секогаш биле заштитени. За квалтиетните и лојални вработени секогаш имаме изнајдено начин како да ги заджиме и наградиме. Наша цел е вработените да ја чуствуваат компанијата како своја компанија која ќе им врати соодветно на тоа, заклучи Наков.

За сите вработени во „Амфенол Технолоџи Македонија“ и во 2025 година ќе продолжи грижата за здравјето, односно ќе се плаќа приватно здравствено осигурување.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: амфенол технолоџи македонија

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани
Кочани

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани

автор: Т. Ајтовски
15 јануари, 2026 13:43
0

Со пригодна свеченост што ја организираше Доброволното противпожарно друштво – Кочани беше означено завршувањето на проектот за психолошка помош за образовната заедница по трагичниот пожар во клубот „Пулс“,...

прочитај повеќе
Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани
Кочани

Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
12 јануари, 2026 22:37
0

Јавна трибина организираше Општина Кочани по иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за изградба на спомен-обележје на жртвите од трагичниот пожар во клубот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 17, 2026 - саб
Кочани, MK
4°C
облачно
облачно
1 m/s, ESE
88%
771.82 mmHg
sat01/17 sun01/18 mon01/19 tue01/20 wed01/21
-/4°C
неколку облаци
6/0°C
чисто небо
4/-1°C
чисто небо
4/-1°C
облачно
6/1°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?