Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Бојкот на наставата од професорите во гимназијата во Виница поради разрешување на директорот

автор: Т. Ајтовски
15 октомври, 2024 12:09
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Бојкот на наставата од професорите во гимназијата во Виница поради разрешување на директорот

Педесетина професори и технички лица кои се вработени во СОУ „Ванчо Прке“ во Виница денеска ја бојкотираа наставата и излегоа на протест за да го искажат незадоволството од разрешувањето на директорот на училиштето.

Одлуката за разрешување ја донел градоначалникот на Виница, Миле Петков, а професорите и другите вработени за тоа дознале на состанокот на наставничкиот совет на кој досегашниот директор ги информирал дека од вчера веќе не е на оваа функција.

-Нашиот колектив, со над 80 отсто од вработените, одлучи да ја бојкотираме наставата поради нерегуларната промена на директорот, но уште поголема причина за револтот е назначувањето на лице против кое се водат активни постапки за мобинг кон вработените. Државниот просветен инспекторат констатираше дека трпиме константно насилство, мобинг, уцени, притисоци и закани од новоназначената директорка, чијашто сестра е и секретар во училиштето, а нејзиниот сопруг е наставник во истото училиште. Градоначалникот создава услови за непотизам и нарушување на училишната клима и угледот на училиштето, а не ја почитува ниту одлуката на Училишниот одбор, истакна Јадранка Здравкова, професорка во СОУ „Ванчо Прке“.

Професорите утрово имале средба со градоначалникот Петков, при што го информирале дека тие се максимално аполитизирани во врска со случајот и побарале за директор да биде назначено лице кое ги исполнува барем минималните стандарди во образованието и во однесувањето кон колективот.

-Одлуката за назначување на нов директор е затоа што за претходниот добивме известување од Државниот просветен инспекторат за констатирани неправилности во работењето, спротивно на Законот за средно образование. Јас немам голем избор за назначување нов раководител, затоа што освен досегашниот директор има уште две лица со положен директорски испит и морав да се одлучам за едно од нив. Според Законот, мандатот на вд директорот е најмногу до шест месеци, што значи дека во наредниот период ќе се распише јавен оглас за избор на директор и тоа ќе биде шанса за сите кандидати, истакна градоначалникот Петков.

Вработените кои излегоа на протест нагласија дека бојкотот на наставата ќе трае сè додека не биде исполнето нивното барање.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: миле петковпротестсоу „ванчо прке“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Фестивалот на хумор и сатира „In Vinica Veritas 2026“ во Виница носи театарски претстави, изложби и промоции
Култура

Фестивалот на хумор и сатира „In Vinica Veritas 2026“ во Виница носи театарски претстави, изложби и промоции

автор: Т. Ајтовски
25 септември, 2026 12:45
0

Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница од 5 до 10 октомвриќе биде центар на смеата, сатирата и театарската уметност како домаќин на овогодишното издание на фестивалот „In...

прочитај повеќе
Над 80 отсто од жените бараат подобра јавна хигиена и јавен превоз покажува истражувањето во Виница, Делчево и Штип
Регион

Над 80 отсто од жените бараат подобра јавна хигиена и јавен превоз покажува истражувањето во Виница, Делчево и Штип

автор: Т. Ајтовски
22 септември, 2026 13:07
0

Опсежното теренско истражување во кое беа опфатени 545 жени и девојки во општините Виница,  Делчево и Штип ги покажа најкритичните локални проблеми со кои се соочуваат припадничките на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
19°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, ENE
39%
768.82 mmHg
thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05
-/16°C
чисто небо
21/10°C
чисто небо
19/8°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?