Во ОУ „Славчо Стојменски“ во Виница се спроведе тактичко-показна вежба за спасување и евакуација во случај на пожар и земјотрес. Учениците, наставниците и менаџерскиот персонал навремено излегоа од институцијата, а лицата кои имаа улога на повредени успешно беа изнесени во дворот на училиштето каде им се укажуваше прва помош.
Активноста се реализираше со ТППЕ – Виница, Општинската организација на Црвен крст и Итната медицинска помош.
Командирот на ТППЕ – Виница, Виктор Димитров акцијата ја оцени како успешна.
-Одлично помина тактичко-показната вежба. Сите ученици се задоволни, како ние пожарникарите ја извршивме нашата работна задача. Слична активност имавме и во училиштето во Блатец, каде исто така успешно беа евакуирани сите ученици и наставници. Ние вакви настани спроведуваме и во приватни комании и слободно можам да кажам дека работата оди на подобро, сите навремено ги напуштаат просториите и успешно излегуваат надвор, истакана командирот Димитров.
Директорот на ОУ „Славчо Стојменски“, Горан Иванов истакна дека по дојавата за пожар сите надлежни институции пристигнале навремено и успешно ја извршиле својта професионална работа.
-Ова е дел годишната програма за работа на нашето училиште. Целта на вежбата беше учениците и вработените да добијата насоки, знаења и вештини како да се движат во случај на елементарна непогода, но и како да пружат помош на повредените ученици, рече Иванов.
Спроведувањето на тактичко-показаните вежби е законска обврска за училиштата. Активноста имаше за цел да го подигне нивото на подготвеност на персоналото во училиштето и надлежните институции, за во случај на реална ситуација навремено и правилно да се интервенира и пружи помош.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.