Маратонката Адријана Поп Арсова од Виница го освои второто место во женска конкуренција на меѓународниот „Виз ер Скопје маратон 2024“ што вчера се одржа во Скопје. Патеката од 42 километри и 192 метри таа ја истрча за 2 часа, 39 минути и 39 секунди, заостанувајќи 1 минута и 46 секунди зад победничката Ирине Јеруто од Кенија.
На маратонот во Скопје настапија вкупно 277 натпреварувачи во машка и женска конкуренција од дваесетина земји од Европа, Африка и Америка, како и од домашни клубови.

Со најновиот успех 34-годишната Поп Арсова, која настапува за атлетскиот клуб „Делта“ од Скопје, уште еднаш потврди дека е најдобра маратонка во женска конкуренција во државата, па и пошироко.
Во рамки на манифестацијата „Спортски асови“ што ја организира Општина Виница, маратонката Поп Арсова во 2018 и 2019 година го доби признанието за најдобар спортист.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.