Пет лица кои се здобија со повреди во трагичниот пожар во „Пулс“ сè уште се лекуваат во здравствените установи во Македонија.
Една пациентка е хоспитализирана на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, а уште двајца пациенти се сместени во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Во приватната Клиничка болница „Систина“ исто така се лекуваат двајца пациенти.
Од вкупниот борј повредени во трагедијата, уште 44 лица се на лекување во болниците во странство. Според последните информации за двајца пациенти состојбата и понатаму е критична.
Пред три дена од Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Србија беше пуштен пациент кој добиваше медицински третман на Клиниката за пластична хирургија. По направените анализи од македонските лекари, пациентот е испратен на домашно лекување
Здравствената состојба на останатите пациенти кои се лекуваат во болниците во други држави се следи преку редовна комуникација, информираат домашните здравствени власти.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.