Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Во библиотеката „Искра“ промовирана монографијата „60 години Литературен клуб „Копнеж“ – Кочани“

автор: Т. Ајтовски
7 февруари, 2025 14:21
во Култура
време на читање: 3 мин.
A A
Во библиотеката „Искра“ промовирана монографијата „60 години Литературен клуб „Копнеж“ – Кочани“

Во општинската библиотека „Искра“ денеска беше промовирана монографијата „60 години Литературен клуб „Копнеж“ – Кочани“ од авторките Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, Аника Илијевска Ѓорѓиева и Славица Цветкова.

На промоцијата беше истакнато дека се работи за значајно литературно дело со кое се одбележува еден важен сегмент од културното живеење во градот и општината.

– Ни беше чест изработката на монографијата бидејќи оддаваме почит не само на сегашните членови во литературниот клуб „Копнеж“, туку и на сите поранешни членови. Оддаваме респект и кон веќе починатите членови коишто не се меѓу нас, како и на раководители и претседатели на клубот. Поместени се историски факти од основањето на клубот, првите почетоци и ентузијазмот,, споменати се голем број членови, како и сите раководители на литературниот клуб. Како круна, некако случајно се јави, во годината на одбележувањето на 60-годишнината ја добивме наградата за значајно остварување во Општина Кочани. Како библиотека пак, се заблагодаруваме на сите чинители коишто го создадоа Клубот „Копнеж“, како и на сите соработници, односно Општина Кочани, основните и средните училишта, и други институции од областа на културата  и други дејности, истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова коавторка на монографијата.

Во шестедецениското постоење на литературниот клуб, кој работи во состав на билбиотеката „Искра“, издадени се голем број стихозбирки и прозни дела на неговите членови, што ја потврдува важноста што тој ја имал во промовирањето на роднокрајните автори.

-Досега низ клубот поминале повеќе од илјада членови, кои создале многу песни и литературни творби. Ние сме горди што ги наследуваме нив, меѓутоа ќе бидеме уште повеќе горди ако дојдат помлади луѓе и нас да нѐ наследат, рече Раче Мицов, актуелен претседател на ЛК „Копнеж“.

На промоцијата беше речено дека во моментот членови на клубот има од сите возрасти, при што најстариот е на 88-годишна возраст, а најмладиот има 12 години. Првиот претседател на клубот, Димитар Гогов бил член и на Друштвото на писателите на Македонија.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: библиотека „искра“книжевна промоцијалк „копнеж“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Божикни културни настани организираа Домот на културата и библиотеката во Виница
Култура

Божикни културни настани организираа Домот на културата и библиотеката во Виница

автор: Т. Ајтовски
5 јануари, 2026 21:14
0

Прогласување на најдобрите творби и доделување на наградите од литературно-ликовниот конкурс „Божикна магија“ и Божикен концерт на учениците од Школата за гитара организираа Домот на културата „Тошо Арсов“...

прочитај повеќе
Работилница за млади уметници инспирирана од шпанската естетика организираше Здружението „Одоната“ од Кочани
Култура

Работилница за млади уметници инспирирана од шпанската естетика организираше Здружението „Одоната“ од Кочани

автор: Т. Ајтовски
17 декември, 2025 14:28
0

Здружението на граѓани за културно-уметнички дејности „Одоната” од Кочани беше организатор на проект насловен „Репродуктивна уметност и дизајн со инспирација од шпанската естетика – Создавање на органски врски со традиционални...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 17, 2026 - вто
Кочани, MK
5°C
силен дожд
силен дожд
2 m/s, NW
98%
745.56 mmHg
tue02/17 wed02/18 thu02/19 fri02/20 sat02/21
-/4°C
слаб дожд
6/1°C
одвоени облаци
10/1°C
облачно
8/4°C
облачно
9/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?