Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Младата кочанска рок група „Немеза“ по чекорите на „Корка“ кон меѓународната сцена во Брисел – настапува вo финалето на „Imagine Macedonia 2026“

автор: Т. Ајтовски
7 октомври, 2026 16:38
во Култура
време на читање: 3 мин.
A A
Младата кочанска рок група „Немеза“ по чекорите на „Корка“ кон меѓународната сцена во Брисел – настапува вo финалето на „Imagine Macedonia 2026“

В петок, на 9 октомври, со почеток во 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје, во рамки на фестивалот „Здраво млади“, ќе се одржи националното финале на „Imagine Macedonia 2026“ во организација на Музичка младина на Македонија.

На сцената ќе настапат пет млади бендови од домашната алтернативна сцена, а меѓу нив посебно внимание привлекува младата рок група „Немеза“ како нов претставник од Кочани.

Кочанските музичари влегуваат со големи очекувања на овој натпревар, во обид да го повторат минатогодишниот успех на бендот „Корка“, кој го освои националниот избор и ја претставуваше Македонија на меѓународната сцена во Брисел.

„Немеза“ е нов бенд формиран во 2025 година, чии членови се на возраст од само 15 и 16 години. Составот го сочинуваат Антониа Андонова, Ирина Китаноски, Милана Пантова и Ангел Лазаров.

И покрај нивната младост, тие веќе градат препознатлив и оригинален звук преку спој на прото-панк и алтернативен рок, збогатен со силни гараж-рок елементи. Во август годинава, како најмлад бенд во програмата, тие оставија силен впечаток со својата енергија и живописен настап пред публиката на „Расплет фестивал“ во Кочани.

На сцената во МКЦ, покрај кочанската „Немеза“, за победничката титула ќе се борат и млади алтернативни состави со различни музички изрази: The Last Thing You Said, Нема назад, Персеида и Yамка. Во ревијалниот дел од вечерта ќе настапи скопскиот алтернативен рок бенд СРЖ.

На крајот од вечерта, стручното жири ќе го избере победникот на „Imagine Macedonia 2026“, кој ќе ја претставува Македонија на меѓународното финале на „Imagine“ во Брисел, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.

Кочанската музичка сцена има за што да се гордее, со оглед на тоа што минатогодишното национално издание го освои токму кочанскиот бенд „Корка“. На меѓународното финале во Брисел, „Корка“ успеа да ја освои и престижната награда од публиката – People’s Choice Award.

Програмата „Imagine Music Experience“, наменета за млади музичари на возраст од 13 до 21 година под закрила на „Jeunesses Musicales International“ (JMI), претставува значајна платформа за млади автори да ја претстават својата музика, да стекнат сценско искуство и да се поврзат со свои врсници од целиот свет.

Бендот „Корка“ – минатогодишен победник на националниот избор на Imagine Macedonia ја претставуваше државата во Брисел

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: музичка младина на македонијарок музика

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Вечер за сатира на „Ин Виница Веритас 2026“: Промовирани две нови книги на Миле Ѓорѓијоски и награда на конкурсот за сатирична поезија
Култура

Вечер за сатира на „Ин Виница Веритас 2026“: Промовирани две нови книги на Миле Ѓорѓијоски и награда на конкурсот за сатирична поезија

автор: Т. Ајтовски
6 октомври, 2026 20:51
0

Со поетски збор, афоризми, музички изведби и промоција на нови сатирични дела, во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница се одржа втората фестивалска вечер на Меѓународниот фестивал...

прочитај повеќе
Со изложба на карикатури и театарска комедија отворен 18. фестивал на хумор и сатира „In Vinica Veritas“
Култура

Со изложба на карикатури и театарска комедија отворен 18. фестивал на хумор и сатира „In Vinica Veritas“

автор: Т. Ајтовски
6 октомври, 2026 10:59
0

Со свечено отворање на изложбата на карикатури и доделување на наградите за најдобра карикатура на конкурсот на тема „Винска дипломатија“, во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 7, 2026 - сре
Кочани, MK
12°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, NNE
46%
765.82 mmHg
thu10/08 fri10/09 sat10/10 sun10/11 mon10/12
неколку облаци
25/12°C
облаци
26/13°C
облачно
21/14°C
слаб дожд
16/12°C
слаб дожд
16/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?