Под падините на планината Плачковица, на месноста викана „Магила“ во селото Видовиште се одржа втората Иселеничка средба на Македонците во странство. На манифестацијта присуствуваа голем број граѓани од Источниот регион.
Иницијативата за средбата е на Сашко Златков и останати жители од селото, кои живеат и работат надвор од државата.
Градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев истакна дека настанот ќе прерасне во традиционален и ќе се одржува на почетокот на месец август, секоја година.
-Ова е културен настан, согласно програмта за работа на Советот на Општина Зрновци. На иницијатива на Сашко Златков од селото Видовиште и други иселеници во странство, лани за прв пат ја одржавме оваа манифестација, а оваа година гледам дека бројот на гости и посетители е зголемен во однос на лани. Се надевам дека од година во година овој настан ќе негуваме, со цел да прерасне во регионален, истакна Борчо Коцев, градоначалник на општина Зрновци.
-Денеска се собравме на овој убав чин, целта беше да ги соберме нашите луѓе на едно место затоа што голем број на лица се ислелија во европските земји. Има посетеност од повеќе градови од државата и од искуство од минатта година, сите посакаа повторно да бидат дел од овој настан. Им благодариме на сите кои присуствуваа на настанот, рече Гоце Димитров, дел од организацискиот одбор.
Присутните ги забававуваше естарадниот уметник Влатко Миладиновски и неговиот бенд „Интермецо“. Тој истакна дека му претставува чест бидејки со иселениците покрај настапите во странство се сретна и во нивната родна земја.
-Јас уживам на вакви настани овде има искрена атмосфера и веселба и секогаш сум расположен да присуствувам на вакви манифестации. Кога пристигнав се видов со многу луѓе со кои што се гледаме и соработуваме низ цела Европа. Убаво е летото кога Македонија е преполна со македонци баш овде, кажа Миладиновски.
На Иселеничката средба беше речено дека Општина Зрновци и во иднина ќе се залага и ќе биде покровител на вакви и слични манифестации кои имаат заеднички интерес за доброто на сите граѓани и на сите иселеници.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.