Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Во Виница е отворена изложба на пафти, токи и колани од етнолошката збирка на Музејот во Штип

автор: Т. Ајтовски
27 август, 2025 14:26
во Култура, Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Во Виница е отворена изложба на пафти, токи и колани од етнолошката збирка на Музејот во Штип

Музејот „Теракота“ од Виница е домаќин и организатор на изложбата на пафти, токи и колани од етнолошката збирка на Националната установа Завод и музеј од Штип, што денеска беше отворена во изложбениот салон на Домот на културата „Тошо Арсов“.

Настанот е дел од програмата за одбележување на 81-годишнината од ослободувањето на Виница, а приредувач на изложбата е вишиот кустос Бети Иванова од штипскиот музеј.

На отворањето беше нагласено дека пред виничката публика е изложен само дел од збирката на пафти, токи и колани што ги поседува музејот, при што тие не се само украс на женската традиционална носија, туку се и симобили и сведоци на идентитетот и убавината вткаени во македонскиот етнос.

-Тие нѐ потсетуваат кои сме и од каде доаѓаме, нѐ повикуваат да го чуваме и да го пренесуваме наследството што ни било оставено со љубов и мака, со визија и достоинство. Оваа изложба нека биде потсетник и инспирација да продолжиме да го негуваме она коешто нѐ дефинира, затоа што минатото не е само прашина, тоа е патоказ, истакна Сара Даневска, директорка на Музејот „Теракота“.

Обраќање пред присутните имаше и авторката на изложбата Иванова која нагласи дека збирката брои околу 300 парчиња накит од метал и монистра. Тоа се прекрасни и вредни занаетчиски изработки кои се највпечатлив накит на женската народна носија и градската женска облека што се носела од 19 век, па сѐ до средината на 20 век.

-Се забележува богата орнаментика од растителни стилизирани мотиви на цвеќиња, гранчиња и лозички, вткаени се и геометриски мотиви од кои најзастапени се кругот, ромбот, цик-цак линијата и други. Кај некои од нив, иако ретко, се забележуваат и мотиви на животни и луѓе.Орнаментиката изобилува со различна симболика и значење преку што се препознаваат верските определби и народните верувања, а покрај тоа се препознава и социјалниот и екопномскиот статус на оној кој што го носел. Носењето и украсувањето со накит, и неговата различност, го истакнува соединувањето, поврзувањето и преминот од еден во друг животен циклус на жената, симоболизирајќи ја главно плодноста и заштитата, истакна Иванова.

Во рамки на изложбата настапија и млади музичари под водство на Димитар Харалампиев, кои на традиционални инструменти исполнија неколку обработки на македонски фолклорни мотиви.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: музеј „теракота“ - виница

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Жителите на Блатец излегоа на блокада против изградбата на мини хидроцентрала на реката Блатешница
Регион

Жителите на Блатец излегоа на блокада против изградбата на мини хидроцентрала на реката Блатешница

автор: Т. Ајтовски
14 февруари, 2026 16:13
0

Иницијативата „За чисто Блатец“ денеска организираше блокада на пристапниот пат кон реката Блатешница, на местото каде е најавена изградба на мини хидроцентрала. Со тоа се остварија заложбите на...

прочитај повеќе
Бојан Колишев го фати богојавленскиот крст потопен во Градечка Река во Виница
Регион

Бојан Колишев го фати богојавленскиот крст потопен во Градечка Река во Виница

автор: Т. Ајтовски
19 јануари, 2026 12:27
0

Чинот на потопувањето на светиот крст на празникот Водици во Виница се одржа на Градечка Река. Со пораки светлината и благословот на осветените води да донесат здравје, мир...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 17, 2026 - вто
Кочани, MK
7°C
слаб дожд
слаб дожд
2 m/s, WNW
98%
744.06 mmHg
tue02/17 wed02/18 thu02/19 fri02/20 sat02/21
слаб дожд
7/4°C
слаб дожд
6/1°C
одвоени облаци
10/1°C
облачно
8/4°C
облачно
9/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?