Екипите на ,,Соколарци”, ,,Карбинци”, ,,Чифлик” и ,,Жиганци” се полуфиналисти на турнирот во фудбал во рамки на Илиденски спортски игри во општина Чешиново-Облешево.
Во вторник, со почеток од 18 часот, ,,Соколарци” силите ќе ги одмери со фудбалерите на ,,Карбинци”. Следниот ден, во истиот термин, ќе се игра дуелот меѓу ,,Чифлик” и ,,Жиганци”.
Финалниот резултат и победничките екипи, како и најдобриот играч ќе бидат познати на 2 Август – Илинден.

Од организацискиот одбор упатија повик, сите кои се во можност да присуствуваат на финалето што е закажано за во 18 часот на фудбалското игралиште ,,Даме Груев” во Чешиново.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






