Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Во Кочани одбележан 3 Декември – Денот на лицата со попреченост

автор: Т. Ајтовски
3 декември, 2024 14:42
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Во Кочани одбележан 3 Декември – Денот на лицата со попреченост

Општина Кочани, во соработка со локални институции и граѓански здруженија, денеска го одбележа 3 Декември – Денот на лицата со попреченост.

По тој повод во библиотеката „Искра“ беа доделени подароци на децата со попреченост, членови на Спортската асоцијација „Бочија – клуб Зоја“ од Кочани.

-Секоја година го одбележуваме Денот на лицата со попреченост и следиме како работат поединци и здруженијата на граѓани со овие лица, затоа што и ним како Општина им должиме поддршка. Годинава поддршка даваме и за Здружението „Зоја“ затоа што тоа неколку години континуирано работи со лицата со попреченост за рекреативно-спортски активности, за што се ангажирани и наставници од ОУ „Никола Карев“, истакна Аника Горгиева Илијевска, виш соработник за социјална и здравствена заштита во Локалната самоуправа на Кочани.

Од Здружението „Зоја“ изразија благодарност за поддршката во нивното работење и за вниманието што им се дава на лицата со попреченост.

-Здружението работи веќе трета година по ред, почнавме волонтерски во салата на ОУ „Никола Карев“, благодарни сме на училиштето што ни даде термин и од ден на ден имаме сѐ повеќе спортски активности. Имаме во план и некои други активности, за што добиваме и поддршка и од Општината, од Библиотеката „Искра“, еве и од Ротари клубот самоиницијативно се јавија за соработка. Се надеваме дека и во иднина ќе оствариме нови соработки за да ги инклузираме овие деца во секојдневието, тие да се чувствуваат пријатно и во секоја прилика да им го олесниме животот за да се почувствуваат корисни во општеството, истакна Радмила Божиновска, претседателка на Здружението „Бочија, клуб Зоја“.

Во рамки на настанот ученици од ОУ „Никола Карев“ – Кочани, под менторство на наставничката Анкица Манасиевска, прикажаа драматизација од книгата за деца „Непослушната Свиленка“ од авторката Ана Дедова. Исто така, на СОУ „Гошо Викентиев“ му беше доделен вредносниот ваучер со собраните средства од минатогодишната хуманитарна акција за набавка на помагало со кое учениците со посебни потреби полесно ќе се движат по скалите во ова училиште.

Градоначалникот Папазов и претставници од Локалната самоуправа го посетија и Дневниот центар за лица со попреченост во Кочани и остварија средба со децата со интелектуална попреченост згрижени во овој центар.

Како дел од одбележувањето на 3 Декември е и посетата на специјалната паралелка во ОУ „Малина Попиванова“ каде за учениците со попреченост се обезбедени материјали за работа и подароци.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: лица со попреченостопштина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија
Кочани

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија

автор: Администратор
5 февруари, 2026 10:34
0

Доброволното противпожарно друштво - Кочани го прошири возниот парк со уште едно возило, што доцна синоќа пристигна од Унтершлајсхајм, Германија и претставува целосна донација од волонтерите пожарникари од...

прочитај повеќе
„Водовод“ бара согласност за поскапување на геотермалната вода за 3,4%
Кочани

Покачена цената на геотермалната вода од системот „Геотерма“

автор: Т. Ајтовски
31 јануари, 2026 13:15
0

Нова, повисока цена доби геотермалната вода од системот „Геотерма“ на кочански „Водовод“, со што наместо досегашните 61,90 денари за еден метар кубен, корисниците во иднина ќе плаќаат по...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 6, 2026 - пет
Кочани, MK
8°C
облачно
облачно
1 m/s, ENE
93%
750.81 mmHg
sat02/07 sun02/08 mon02/09 tue02/10 wed02/11
облачно
13/8°C
слаб дожд
9/7°C
слаб дожд
9/6°C
облачно
6/5°C
облачно
7/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?