Во рамките на програмата за млади „Лето во друштво“, синоќа на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани беше проектиран краткиот филм „Налепница“, по сценарио и во режија на Георги М. Унковски.
Публиката имаше можност да разговара со режисерот Унковски и актерот Сашко Коцев, кој ја игра главната улога. Гостите говореа за инспирацијата, снимањето на филмот, локациите, за необичните случки…

„Налепница“ е краток филм за нашето трагикомично секојдневие, победник на меѓународниот фестивал за краток филм „Ин д палас“ во 2020 година, а потоа многукратно наградуван.
Програмата за млади „Лето во друштво“ ја подготви и реализира Центарот за психосоцијална и кризна акција Малинска во соработка со Општина Кочани, Локалниот младински совет Кочани и Сапорт Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






