Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Во КЈП „Водовод“ – Кочани предаден во употреба фотоволтаичен систем за добивање електрична енергија и за намалување на загубите на вода

автор: Т. Ајтовски
17 јуни, 2025 13:10
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Во КЈП „Водовод“ – Кочани предаден во употреба фотоволтаичен систем за добивање електрична енергија и за намалување на загубите на вода

Комуналното претпријатие „Водводод“ од Кочани доби комплетен систем за производство на електрична енергија од сончеви електрани што ќе се користи за потребите на станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци.

Системот со капацитет од 600 киловатчасови, што го инсталираше компанијата „КМГ Еол Квазар“ од Скопје, се реализираше во рамки на проектот „Намалување на загубите на вода во системот за водоснабдување и искористување на сончевата енергија во комуналните јавни претпријатија во општина Кочани“. Вкупната вредност на инвестицијата е 448 илјади евра, од кои половината ги донираше Директоратот за развојна соработка и хуманитарна помош на Република Словенија, а остатокот е кофинансирање.

На свеченоста по повод завршувањето на проектот и пуштањето употреба на системот присуствуваа словенечкиот амбасадор Грегор Прескер, директорот на Директоратот, Едвин Скрт и в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски.

-Кога се определивме да помогнеме во реализација на проектот имавме две цели – едната да ги намалиме загубите на водата за пиење, а другата да постигнеме енергетска ефикасност со поставување сончеви електрани на пречистителната станица. Со тоа овозможуваме намалување на трошоците во работењето на комуналното претпријатие, а заштедените средства ќе можат да се наменат за други приоритетни потреби за граѓаните, со што ќе се подобрат и условите за живеење во вашата заедница. Соработката меѓу двете држави како добри партнери ќе продолжи, а наш заеднички интерес е да помогнеме Македонија да стане дел од Европската унија, истакна амбасадорот Прескер.

Вкупниот капацитет на новите сончеви електрани во пречистителната станица, заедно со претходно инсталираниот систем е 1 мегаватчас, што ќе обезбеди комплетно покривање на потребите од електрична енергија.

-Со имплементирањето на системот очекуваме намалување на трошоците за електрична енергија кои го отежнуваат работењето на нашето комунално претпријатие. Бевме принудени да потпишеме договор за репрограмирање на долговите за струја, а со овие заштеди ќе обезбедиме средства за редовно отплаќање на ратите од договорот. Дополнително, со планираното приклучување на општина Виница на станицата за пречистување на отпадните води во Мојанци, ќе се обезбеди поголема еколошка заштита на природната средина и водата во реката Брегалница, за што потврда е обновувањето на живиот свет на кој претходно му се закануваше исчезнување, истакна в.д. градоначалникот Крстевски.

Финансиската поддршка што ја обезбеди словенечката влада е дел од помошта наменета за партнерските држави од регионот, со цел за намалување на сиромаштијата, нееднаквоста и влијанието на климатските промени, а е насочена кон одржливо управување со прирордните ресурси и енергијата.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кјп „водовод“општина кочанипречистителна станица за отпадни водифотоволтаични панелифотонапонски централи

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе
Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
22°C
облаци
облаци
3 m/s, E
32%
768.82 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
22/13°C
чисто небо
21/9°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/6°C
чисто небо
19/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?