Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Во Оризари се одржа традиционалното рачно зажнејување на оризот

автор: Д. Николов
29 септември, 2024
во Кочани, Култура
време на читање: 3 мин.
A A
Во Оризари се одржа традиционалното рачно зажнејување на оризот

Со рачно зажнејување на ориз со срп и вршење на гумно во населбата Оризари официјално почна овогодишната жетва на оризот, во рамки на 33. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2024“. Првиот сноп го ожнеаа жетварската убавица и нејзините две придружнички, поддржани од членовите Здружението на пензионери од Кочани.

Годинава признанието „Најуспешен земјоделец“ им припадна на жителите на Оризари, Сашко Трајчев и Сашко Стојанов, при што градоначалникот Љупчо Папзаов им ги додели паричните ваучери.

-Оваа награда е една мотивација за младите и понатаму да продолжиме да се занимаваме со оризопроизводството. Приносите се добри, но ќе видеме каква ќе биде цената, рече Сашко Стојанов.

-Наградата ќе ми биде дополнителен стимул за понатаму повеќе да работам со оризопроизводството. Во Оризари приносот е добар и се движи од 700 до 800 килограми по декар, додаде Сашко Трајчев.

На настанот во Оризари присуствуваа повеќе делегации од државата и странство, а министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на оризопроизводителите им посака успешна жетва, богат род и квалитетен ориз.

-Ние како Министерство ја поддржуваме и оваа манифестација со цел да ја продолжиме традицијата и да го афирмираме постоењето на оваа житна култура за нас како држава. Се надевам дека ќе имаме добра жетва и квалитетен ориз од реколтата 2024. Од разговорите со земјоделците и првичните информации говорат дека ќе имаме зголемен род и богата жетва, а согласно тоа и квалитетот ќе биде добар, истакна Трипуновски.

Големиот број на гости имаа можност да уживаат во изложените традиционални ракотворби и традиционална храна подготвена од вредните домаќинките од Оризари.

Во рамки на културно-забавниот дел настапија орекестарот на народни инструменти при музичкото училиште „Ристо Јуруков“, Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов”, оркестарот „Мелем“, а концерт одржа и фолк пејачот Дамјан Стојаноски.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: денови на кочанскиот оризоризоризари

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

29. „Марш за ангелите“: Обвинети ги прекршуваат законските мерки и имаат средби со оштетени, ако за една недела нема одговор од Обвинителството ќе има посилни и поорганизирани акции
Кочани

29. „Марш за ангелите“: Обвинети ги прекршуваат законските мерки и имаат средби со оштетени, ако за една недела нема одговор од Обвинителството ќе има посилни и поорганизирани акции

автор: Т. Ајтовски
8 ноември, 2025
0

Родителите на загинатите во трагeдијата во клубот „Пулс“ јавно реагираа до Јавното обвинителство поради тоа што обвинети оствaруваат средби со оштетени лица со што можат директно да влијаат...

прочитај повеќе
Нов градоначалник на Кочани е Владко Грозданов, во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласа пред Венко Крстевски
Кочани

Нов градоначалник на Кочани е Владко Грозданов, во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласа пред Венко Крстевски

автор: Т. Ајтовски
3 ноември, 2025
0

Владко Грозданов, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Општина Кочани откако во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласови пред...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
ное 9, 2025 - нед
Кочани, MK
12°C
облачно
облачно
1 m/s, E
91%
762.82 mmHg
sun11/09 mon11/10 tue11/11 wed11/12 thu11/13
слаб дожд
18/12°C
облачно
16/12°C
слаб дожд
14/9°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?