Во пресрет на празникот на градот – Петровден, ,,Амфенол Технолоџи Македонија” излезе со убава вест за своите вработени дека деновиве ќе се реализира редовната исплата на регресот К-15.
Секоја година во овој период пред празникот, компанијата која сега веќе брои над 3.000 вработени, го исплатува регресот за годишен одмор.
К-15 в четврток на 11 јули ќе добијат сите вработени кои во ,, Амфенол” работат најмалку 6 месеци, а останатите ќе добијат на крајот на годината.
Ова е убаво нешто и ќе биде од корист за буџетот на вработените, а особено и во овој период сега, пред летните одмори, но и пред празникот на Кочани.
Од ,,Амфенол” до жителите на Кочани и до своите вработени упатуваат и честитки за претстојниот празник со порака и желби за надеж, верба и успеси за сите во нашата заедница.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.