Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Вработените во гимназијата во Виница го продолжуваат бојкотот на наставата, ќе го прекинат по објавувањето оглас за нов директор

автор: Т. Ајтовски
16 октомври, 2024
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A

Професорите и другите вработени во СОУ „Ванчо Прке“ во Виница втор ден ја бојкотираат наставата поради разрешувањето од функцијата на досегашниот директор и назначувањето нов в.д. директор, оценувајќи дека се работи за незаконска постапка.

За време на бојкотот сите професори се присутни во училиштето во текот на работното време, но воспитно-образовниот процес не се изведува во знак на протест. Просветни инспектори веќе направиле вонреден увид во состојбата и разговарале со претпоставените и со вработените.

– Новоназначената в.д. директорка нема интегритет да ја извршува функцијата поради мобингот врз нас, во што е поддржана од страна на нејзината сестра, како  секретар и архивар во училиштето, и нејзиниот сопруг, наставник по историја во истото училиште. Веќе почна да врши притисоци, да има агресивни испади и закани за парични казни кон вработените кои бојкотираат, иако сè уште официјално нема депонирано потпис и не е извршено примопредавање на функцијата со претходниот директор. Бидејќи увидовме дека градоначалникот на Виница, Миле Петков, нема слух за нашите проблеми и барања, иако сме веќе скоро 90 отсто од вработените, денеска до него доставивме барање за итно распишување оглас за нов директор. Во моментот кога ќе биде распишан огласот бојкотот ќе биде ставен во мирување и ќе продолжиме со држење на наставата, истакнуваат вработените во писменото известување до ИПТВ Канал 8 .

Вработените во виничката гимназија, кои вчера го почнаа бојкотот на наставата откако претходниот директор ги известил дека е разрешен од функцијата, велат дека добиле одобрувања и охрабрувања во барањата за заштита на работничките права од голем број сограѓани, родители и ученици коишто добро ја познаваат ситуацијата во училиштето.

Градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков веќе информираше дека според законските одредби функцијата на в.д. директорот е максимум шест месеци, а во овој период ќе биде објавен оглас за нов директор на кој ќе можат да конкурираат сите лица кои ги исполнуваат условите.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: бојкотпротестсоу „ванчо прке“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Костадинов: Под контрола е состојбата со поплавите во општина Чешиново-Облешево, граѓаните поднесуваат барања за обештетување
Регион

Костадинов: Под контрола е состојбата со поплавите во општина Чешиново-Облешево, граѓаните поднесуваат барања за обештетување

автор: Т. Ајтовски
1 декември, 2025
0

Се смирува состојбата по поплавите што го зафатија подрачјето на општина Чешиново-Облешево, а заканите од нови излевања на речните корита се веќе под контрола. Изутрината состанок одржал општинскиот...

прочитај повеќе
Успешна крводарителска акција во Виница – собрани 92 единици со крв
Регион

Успешна крводарителска акција во Виница – собрани 92 единици со крв

автор: Т. Ајтовски
27 ноември, 2025
0

Општинската организација на Црвен крст од Виница организираше успешна ноемвриска акција за дарување крв на која крводарителите повторно изненадија позитивно со својот одѕив. На акцијата се собрани 92...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 5, 2025 - пет
Кочани, MK
9°C
облачно
облачно
2 m/s, ENE
91%
756.06 mmHg
fri12/05 sat12/06 sun12/07 mon12/08 tue12/09
слаб дожд
10/10°C
слаб дожд
12/8°C
облаци
12/7°C
облачно
10/6°C
облаци
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?