Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

В петок акција за собирање стари електронски апарати и отпад

автор: Т. Ајтовски
18 ноември, 2024 15:40
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
В петок акција за собирање стари електронски апарати и отпад

Компанијата „РЕДИ Рециклажа“ од Скопје ја вклучи и општина Кочани во кампањата за бесплатно собирање стари електронски апарати и отпад.

Акцијата е закажана за в петок, 22 ноември, со што жителите ќе можат без да плаќаат никаков надоместок да се ослободат од старата бела техника и други електронски уреди. Во акцијата ќе се собира стара ИТ– опрема, бела техника, телевизори, монитори, мобилни телефони и друг електронски отпад.

-Сè што треба да направите е во текот на оваа работна недела, до петок, да се јавите на телефонскиот број 076-460-655, да ја оставите вашата адреса и да закажете бесплатно подигање на отпадот и на уредите од адресата што ќе ја наведете. Придружете се на оваа акција за почиста животна средина, повикуваат од „РЕДИ Рециклажа“.

Според официјалните податоци од Светскиот институт за ресурси, емисиите на CO2 по глава на жител во Македонија во 2019 година изнесувале 4,28 тони, наспроти глобалниот просек од 4,79 тони по лице. Експертите и набљудувачите истакнуваат дека земјата треба брзо да развие стратегија за управување со отпад, со оглед што домаќинствата сè уште собираат секаков вид отпад во една канта или го празнат во улични контејнери. Потоа ѓубрето со камиони на општинските комунални претпријатија се носи на депонија, каде што се складира на земја. Ова управување со отпад во државата е со екстремно ниско ниво на селекција и рециклирање.

Статистиката ја потврдува лошата состојба: во 2017 година Македонија создала 787 илјади тони отпад, од кои само 0,6% биле рециклирани. Во 2019 година, отпадот достигнал 916 илајди тони, а капацитетот за рециклирање паднал на само 0,3%.

Надлежните од Министерството за животна средина и просторно планирање тврдат дека сегашната законска рамка е соодветна и усогласена со стандардите на Европската Унија, но законите, стратегиите и плановите за управување со отпад и заштита на животната средина се слабо имплементирани на ниво на општина. Општините прво треба да почнат да работат на селекција на отпадот. Во моментот скоро и да нема селектирање на отпадот во повеќе од една канта, а стандардите наложуваат домаќинставата да имаат една (жолта) канта за пластична амбалажа, стакло, хартија и слично, една за мешан отпад што не може да се рециклира и една за органски отпад.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: електронски отпадотпадрециклирање

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

36. „Марш за ангелите“ во Кочани: „ОЈО ГОК со месеци одолговлекува со постапката, бараме рок, одлука и одговорност“
Кочани

36. „Марш за ангелите“ во Кочани: „ОЈО ГОК со месеци одолговлекува со постапката, бараме рок, одлука и одговорност“

автор: Т. Ајтовски
24 јануари, 2026 16:12
0

Здружението „16 март 2025 Кочани“ го организираше 36. „Марш за ангелите“ со кој освен барањето правда за загинатите во трагедијата во „Пулс“, им беше дадена поддршка на младите...

прочитај повеќе
Едукативна работилница поради порастот на интернет и телефонските измами врз повозрасните граѓани организираше Здружението на пензионери – Кочани
Кочани

Едукативна работилница поради порастот на интернет и телефонските измами врз повозрасните граѓани организираше Здружението на пензионери – Кочани

автор: Т. Ајтовски
23 јануари, 2026 19:13
0

Зголемен број телефонски и интернет измами  заради остварување незаконска финансиска добивка или друг вид корист од повозрасните граѓани регистрираат надлежните полициски служби. Тоа беше повод Здружението на пензионери...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 24, 2026 - саб
Кочани, MK
7°C
облачно
облачно
2 m/s, E
93%
761.31 mmHg
sun01/25 mon01/26 tue01/27 wed01/28 thu01/29
облачно
11/7°C
слаб дожд
11/7°C
облачно
10/5°C
облаци
10/5°C
облаци
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?