Ждребувањето на екипите за фудбалскиот турнир на претстојните Илинденски спортски игри во општина Чешиново-Облешево ќе се одржи утре, 3 јули со почеток во 20:30 часот во ресторанот „Рома“.
Претставници од сите екипи кои се пријавиле за учество, должни се да присуствуваат на ждребувањето.

Организаторот на Игрите информираше дека во изминатиот период била извршена и санација на трибинскиот простор.
Годинава спортскиот настан ќе се одржи по 52. пат, а Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево обезбеди награди.
Првопласираната ќе добие 120.000 денари, за втората екипа обезбеден е износ од 50.000 денари, а ќе биде прогласен и најдобриот играч на натперварот.
Финалето ќе се одигра на празникот Илинден – 2 Август, на фудбалското игралиште во Чешиново.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.