Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Голема загаденост на воздухот во Кочани покажаа испитувањата на средношколците во рамки на Еразмус+ проектот со Бугарија и Грција

автор: Т. Ајтовски
3 октомври, 2024 13:02
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Голема загаденост на воздухот во Кочани покажаа испитувањата на средношколците во рамки на Еразмус+ проектот со Бугарија и Грција

Висока концентрација на штетни честички и присуство на јаглерод диоксид во воздухот во Кочани се регистрирани при испитувањата што ги направиле 12 ученички тимови од средното училиште „Љупчо Сантов“, во период од три месеци.

Во рамки на Еразмус+ проектот „Млади еко инспектори“, што партнерски се спроведуваше со градовите Пазарџик од Бугарија и Лариса од Грција, а во кој покрај средношкoлците беа вклучени и здружението Локална акциона група и комуналното претпријатие „Водовод, учениците направиле вкупно 990 мерења на загаденоста на воздухот и водата на повеќе локации во Кочани. На денешната завршна презентација на проектот беше истакнато дека се констатирани загрижувачки параметри во одредени периоди од денот, претежно на локации во централното градско подрачје.

-Присуството на ПМ2,5 честичките кај објектот на Македонска пошта со 11 микрограми на метар кубен е во рамки на прифатливите граници, но на улицата „Илинденска“ е измерена највисока концентрација којашто е за 8,3 пати повеќе од дозволената вредност. Во анализата за присуство на ПМ10 честичките, од 990 мерења што ги направија учениците, повисоко ниво од 180 мг на метар кубен имаат 144 мерења, а највисоко ниво од 5,55 пати повторно е измерено на истата улица. За концентрацијата на јаглерод диоксид е регистрирана највисока вредност што е 4,7 пати поголема од дозволената и тоа при 13 мерења, истакна Соња Гушкова  од КЈП „Водовод“.

На презентацијата беше нагласено дека се работи за податоци што се добиени со анализа на испитувањата за период од три месеци на почетокот на оваа година, кои имале едукативна цел. За да може целосно да се утврдат реалните вредности на концентрацијата на штетни честички во воздухот непоходни се мерења и анализи на подолг временски период, што најверојатно нема значително да отстапуваат од веќе утврдените.

За разлика од загаденоста на воздухот, испитувањата на примероците вода што се земени од реката и други отворени водотеци во Кочани покажале вредности што се на сериозно високо ниво, но не ги надминуваат граничните вредности на прифатливи параметри.

На завршната презентација на проектот „Млади еко инспектори“ средношколците ги претставија своите активности, начините на кои се добиени резултатите од мерењата, а дадоа и предлози за можно намалување и решавање на загаденоста на воздухот и водата во општината.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: еразмус+кјп „водовод“соу „љупчо сантов“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари
Кочани

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари

автор: Т. Ајтовски
1 октомври, 2026 08:30
0

Преку проектот за воведување мерки за енергетска ефикасност и подобрување на условите во образовниот процес, основното училиште „Раде Кратовче“ од Кочани ќе добие нова нова, термоизолирана фасада. Вкупната...

прочитај повеќе
Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
13°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, NNE
62%
771.07 mmHg
fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05 tue10/06
чисто небо
22/11°C
чисто небо
21/9°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
облачно
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?