На 18. редовна седница на Советот за развој на Источниот плански регион, што денеска се одржа во Општина Пехчево, за нов претседател е избран градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.
Советот е тело за усогласување и спроведување на политиката за развој на Источниот плански регион и е еден од носителите на политиката за поттикнување на рамномерниот регионален развој.

-Изразувам огромна благодарност за укажаната доверба и дадената подршка од страна сите градоначалници на останатите десет општини во Планскиот регион. Ветувам посветена, континуирана и транспарентна работа заедно со сите градоначалници членови на Советот. Наша цел е рамномерен регионален развој, реализација на огромен број проекти во соработка со Бирото за рамномерен развој, Министерството за локална самоуправа и Владата на Република Македонија, истакнува градоначалникот Коцев.
Во обраќањето до јавноста новиот претседател на Советот за развој на Источниот плански регион додава дека мотив во работењето ќе бидат задоволни граѓани и економско моќни општини со здрава животна средина.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






