Околу 200 учесници од различни возрасти, професии, институции и граѓански здруженија се вклучија во најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд во Кочани.
Годинава акцијата во Кочани ја координираа физички лица, поединци кои упатија апел за поголема грижа за јавната хигиена и за селектирањето на отпадот во секојдневното живеење.

Поддршка на акцијата даде и в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, кој истакна дека минатите две седмици комуналните служби направија силни напори Кочани полека да ја доведе на повисоко ниво чистотата на јавните површини.

Собраниот отпад во акцијата Генералка викенд ќе се мери, ќе се рециклира, а дел ќе се транспортира на Градската депонија.
Еколошката акција Генералка викенд се одржа и во општина Виница, каде се расчистуваше на повеќе локации.

Во акцијата учествуваа вработени во општинската администрација, ЈП “Солидарност”, ученици од основните и средното училиште и вработени во ЕВН 1 Кочани.
Со своја донаторска дејност, механизација за отстранување на отпад, за реализирање на еколошката акција се приклучија и приватната компанија од Виница Гранд Уни Инвест како и ЕВН 1Кочани.

Во интерес на заштита на животната средина над 500 учесници собираа комунален отпад.
На локациите кои денес се исчистени и отстранети дивите депонии ќе биде поставено видео надзор со цел спречување на повторно создавање на диви депонии, а евентуалните сторители ќе сносат одговорност.

Најмладите од општина Зрновци испратија силна порака до возрасните за зачувување на здрава еколошка животна средина. Акцијата Генералка викенд ги вклучи децата од градинката, учениците од ОУ „Синиша Стоилов“, вработените во локалните институции, како и одговорни граѓани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.