Во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ денеска се одржа 24. меморијален Меѓународен младински турнир во борење „Легендите на Спартак“, чиј организатор е БК „Спартак“, во соработка Федерацијата на боречки спортови на Македонија и Општина Кочани.
На турнирот настапија стотина млади борачи од повеќе боречки клубови од Македонија, како и од Албанија, Косово и Бугарија.

За најдобар борач на турнирот беше прогласен Даријан Павлев од „Спартак“, кој забележа четири победи, без ниту еден загубен бод. Георги Игов од Бугарија беше прогласен за најдобар странски борач, а членот на домаќинот „Спартак“, Павел Темелков го доби признанието за најдобар домашен борач.

БК „Спартак“ на турнирот настапи со 14 борачи, при што кај генерацијата 2015/2016 Лазар Ангелов освои златен, а Павел Атанасов сребрен медал. Во конкуренција на борачи од генерацијата 2009/2011 златни медали освоија Даријан Павлев во тежинска категорија 62 кг, Јован Илијев – 48 кг и Павел Темелков – 68 кг. Филип Ангелов во категорија 85 кг и Едис Билалов – 44 кг се закитија со сребрени медали.
Во женска конкуренција кај генерацијата 2010/2012 златен медал во категоријата 44 кг освои Атанасија Гушкова.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.