Каратистката Наталија Карова, членка на карате клубот „Кочани“, ќе ја претставува Македонија и Кочани на претстојното Светско првенство во карате.
Големиот светски собир ќе се одржи од 14 до 18 октомври во градот Бјелско Бјала, Полска, каде што ќе настапат најдобрите каратисти од 114 држави.
Карова ќе се натпреварува во возрасната категорија У-21, во тежинската категорија до 50 килограми.

За нејзиниот настап беа упатени желби за одличен претставувачки резултат и висок пласман. Воедно, беше изразена и срдечна благодарност до спонзорите чијашто поддршка овозможува остварување на спортските соништа и градење нови успешни приказни.
Пласманот и визата за овој престижен светски собир Карова ги обезбеди преку доминантен и фантастичен настап на Купот на Македонија во карате. Настапувајќи како единствен претставник на својот клуб во категоријата У21, таа ги совлада своите противнички со убедливи резултати од 8:1 и 8:0.
Со овие победи, Карова го освои првото место и златниот медал, со што го стекна признанието Државен првак и избори директно учество на Светското првенство.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.





