Успешен настап имаа и три медали освоија членовите на карате клубот „Кочани“ на меѓународниот турнир „Трофеј Бар 2025“ во Црна Гора.
Со златен медал се закитија Алексеј Ристов во категоријата У10 -35кг. и Наталија Карова У21 -50кг. Дамјан Симеонов во категорија У11 -35 кг. го освои второто место и србрениот медал.
Со малку повеќе среќа, и четвртиот натпреварувач Душанка Ристова ќе се закитеше со медал, но и нејзиното учество беше повеќе од достојно и носеше вистински спортски дуx.

Од кочанскиот карате клуб упатуваат голема благодарност до КК „Олимпик” од Скопје и до неговиот тренер Александар Кузмановски за меѓусебното спортско дружење.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






